Србија ги ослободува од даноци младите претприемачи во првите две години од работењето
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ana BrnabikПремиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека од октомври годинава целосно ќе бидат ослободени од даноци младите луѓе кои по завршување на образованието сакаат да започнат сопствен бизнис.

Брнабиќ смета дека овој начин на помош на младите претприемачи е добра дури и ако фирмата не успее.

“Државата ве остава на мира да се обидете со минимални трошоци да започнете бизнис. На тој начин ќе научите многу повеќе отколку што би можеле да научите ако некаде сте работеле или ако само сте чекале и сте барале вработување”, смета Брнабиќ.

Ако резултатите од оваа мерка бидат добри, српската премиерка вели дека проектот ќе се проширува со уште некои други мерки со цел вработување на младите.
Како пример на држава на која треба Србија да се огледа Брнабиќ ја посочува Израел, кој е шампион по бројот на стартап фирми и каде 80% од децата во училиште се гледаат себеси како идни претприемачи кои ќе отворат сопствена фирма.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×