Србија го губи косовскиот пазар, извозот на Словенија зголемен за 123%, на Македонија за 40%
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Kosovo cariniМинистерот за трговија на Србија Расим Љаиќ оценува дека ако Приштина наскоро не гио укина царините од 100% на увозот на стоки, долгорочната штета би била уште поголема од сегашната штета од 66,2 милиони евра.

Тој предупреди дека Србија веќе го губи пазарот кој го имаше во Косово, додека во исто време соседните земји го зголемуваат извозот на косовскиот пазар.
“Ако царините би се укинале денес, дел од бизнисмените би се вратиле во Косово, но ако ова потрае други играчи ќе го заземат просторот и штетата ќе биде уште поголема”, смета Љаиќ.

Според неговите проценки, од вкупниот извоз од земјите членки на ЦЕФТА, Србија до пред воведувањето на царините учествуваше со 60%, додека сега има драматична промена на учеството на пазарот, бидејќи извозот од Албанија во Косово се зголеми за 60%, а од Македонија за 40%, додека извозот од Словенија е зголемен за 123%, а од Грција за 114%.

“Србија во декември 2017 година учествуваше во увозот на Косово со 15,7%, а во декември 2018 година со само 1,7%. Во декември 2017 година во Косово продадовме стоки во вредност од 46 милиони евра, а во декември само 5,7 милиони евра”, изјави Љаиќ.

Иако речиси целата меѓународна заедница апелираше Косово да ги укине царините, тие се уште се на сила.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×