Србија и Албанија прават заедничка туристичка понуда за странци
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Договор за соработка во туризмот меѓу Србија и Албанија денеска потпишаа министрите Расим Љајиќ и Бленди Клоси, за да имаат „заеднички туристички производ“.

Министерот за туризам и за заштита на животната средина на Албанија, Клоси, изјави дека туризмот станува составен дел од Србија и Албанија бидејќи „носи пари, а парите носат економска моќ и поголема сила и напредок за сите во регионот“.

„Албанија и Србија како регион имаат големи шанси и многу што заеднички да понудат. Потенцијалите се големи, треба да се искористат, вклучувајќи го историското наследство, промовирањето на животот и на животните стилови“, истакна Клоси.

Тој со Љајиќ договорил да организираат заеднички состанок на министрите за туризам од регионот, за заеднички стратегии и туристички производ што ќе ги обедини понудите на сите балкански земји за да остварат подобри резултати на светскиот пазар.

Според Љајиќ, со заеднички туристички производ се зголемува можноста да се привлечат туристи, пред сѐ од прекуокеанските пазари, додека, ако се настапува поединечно, шансите за тоа се значително помали, бидејќи туристите сакаат во тек на едно патување да посетат две, три или повеќе земји.

Вакви договори Србија има со Црна Гора и со Македонија, а подготвува со Хрватска и со Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×