Србија ќе ги отвори поглавјата 23 и 24 во преговорите со ЕУ. Треба да покаже борба против криминалот и корупцијата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Мајкл Девенпорт, изрази надеж дека во скоро време ќе бидат отворени поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори на земјата со ЕУ

На предавањето насловено како „Состојбата на преговори на Србија со ЕУ“, тој изрази подршка за Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи на Србија, кои имаат координациона улога за овие поглавја.

„Се надевам дека таа работа ќе биде завршена во текот на наредните недели, месеци и дека што поскоро ќе дојде до отворање на тие две поглавја“, рече Девенпорт на Универзитетот во Белград.

Тој потенцира дека Европската комисија може да даде позитивна препорака само врз основа на акционите планови, кои во овој момент мора да бидат подготвени од српската влада.

Поглавјето 23 кое речиси е ново и воведено по шестиот бран проширувања на Унијата, предвидува реформа во правосудството, антикорупциска политика, независно судство и непристрасни пресуди, додека поглавјето 24 се однесува на борбата против организираниот криминал, судска саработка со граѓански и кривични работи и друго.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×