Србија купува 10 тони злато
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Србија ќе ги зголеми своите резерви на злато од постојните 20 тони на 30 тони до крајот на 2019 година, а потоа, во следната година и половина, до дури 50 тони, објави весникот „Вечерње новости“.
goldВесникот нагласува дека таа динамика практично е утврдена по вчерашната средба во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Според „Новости”, претседателот Вучиќ ја започнал темата за купување благородни метали за време на разговорот, а соговорниците од ММФ му рекле дека немаат ништо против тоа, ако се вклопуваат во стратегијата за зголемување на девизните резерви.
Веднаш по средбата, повикувајќи се на неименувани извори, весникот објави дека претседателот Вучиќ ги поканил гувернерот на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ и министерот за финансии, Синиша Мали и „им даде задача: купувајте злато, Србија мора да биде безбедна”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×