Србија од коцкањето на туристите годишно заработува 500 милиони долари
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Приходите на коцкарниците во Србија се една петтина од вкупните приходи од туризмот, изјави советникот за економски развој во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Александар Денда.

„Србија во 2015 година од туризмот заработила 2,5 милијарди долари, од што 500 милиони се приходи од коцкање на странците“, изјави Денда, додавајќи дека податоците за 2016 година уште не се обработени.

Тој за агенцијата Бета вели дека поради тоа што приходите од игрите на среќа изнесуваат дури 20% од вкупниот приход, треба да се поттикнува овој вид на рекреација.

„Би било добро да се вложува во ресорт хотели што нудат услуги на забава и на рекреација, во чија категорија е и коцкањето. Во Србија доаѓаат Турци, Арапи, Израелци, Иранци, да се коцкаат, зашто во нивните земји тоа воглавно е забрането за домашното население“, вели Денда.

„Во 2015 година остварени се исклучителни резултати во туризмот. Добивката е зголемена за 36%, односно од 11 на 15 милијарди динари (на 122,2 милиони евра)“, вели Денда.

Туризмот во Србија во 2015 година донел 17,41% поголеми приходи отколку во 2014, или 275 милијарди динари (2,24 милијарди евра), што е 6,44% од БДП, а за 2016 година очекуван приход е 326 милијарди динари (2,65 милијарди евра) или 7,88% од БДП.

Во 2017 година, според зборовите на Денда, Србија очекува приходи од туризам од 386 милијарди динари (3,14 милијарди евра) или 9,06% од БДП.

Во туристичката понуда на земјата бројката на вработени е зголемена од 81.610 во 2015 година, на 87.244 во 2016.

Во Србија лани влегле 25.049.567 странци, а престој пријавиле 1.662.393 луѓе.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×