Србија официјално ги отвори најзначајните поглавја во преговорите со ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Srbija-EU-WEBШто носи отворањето на поглавјата 23 и 24 и кога Србите да очекуваат промени?

Граѓанските спорови не би требало да траат подолго од две години, а кривичните најмногу пет. За слични случаи, каде и да се одвиваат судењата, ќе бидат носени воедначени пресуди, а политиката веќе ќе нема влијание врз судството. Државните институции и функционери ќе бидат под уште посилна контрола на независните тела. На сето ова се обврза Србија со усвојувањето на акциските планови за поглавјата 23 и 24. А според експертите, граѓаните промените нема да ги почувствуваат преку ноќ, туку истите може да ги очекуваат во наредните пет години.

 

Србија на 18 јули и официјално ги отвори поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори со Европската унија, што беше соопштено на Третата меѓувладина конференција на ЕУ и на Србија во Брисел.

Најзначајните одредби од поглавјата 23 и 24, што ги третираат областите на правосудството и на фундаменталните права, односно на правдата, на слободата и на безбедноста, а кои Србија треба да ги исполни до крајот на 2018 година, се следниве:

Право на судење во разумен рок

Меѓу најголемите проблеми на српското правосудство е должината на траењето на судските постапки, што знае да се продолжи и 10 години, при што многу случаи застаруваат. Од јануари 2016 година на сила е Законот за заштита на правото на судење во разумен рок, кој предвидува и казни од 300 до 3.000 евра во случаи на пробивање на оптималните рокови.

„Во акцискиот план не се даваат прецизни упатства колку треба да траат судењата. Србија мора да направи план/програма за решавање на старите спорови, а предуслов за сѐ да се заврши во разумен рок е и растоварувањето на одредени судии кои се затрупани со голем број предмети“, вели генералната секретарка на Европското движење во Србија, Маја Бобиќ.

Поради должината на траење на судењата илјадници граѓани претходниве години се жалеле до Европскиот суд за човекови права, кој најчесто носел пресуди на штета на државата. Овој суд разви практика со која е можно да се воспостават критериуми за оптимално траење на судските спорови. Разумниот рок за граѓански спорови е две до три години, за кривичните до пет години, а за управните околу три.

Без влијание на политиката врз судиите

До независно правосудство, во кое политиката ќе нема влијание, ќе се дојде и со начинот на избор на судии, и за тоа ќе биде неопходна промена на Уставот. Експертите велат дека со спроведување на акцискиот план, членовите на Високиот совет на судството и на Државниот совет на обвинителството во Србија, нема да се избираат во Собранието.

„Идејата е тие да станат некој вид на саморегулаторни тела и да сносат одговорност за она што го работат“, истакнува горе цитираната Бобиќ.

 Слични случаи – слични пресуди

Освен што би требало да биде поефикасно и побрзо, судството би морало да работи и поквалитетно. Директорот на Комитетот на правници за човекови права (Јуком), Милан Антонијевиќ, вели дека тоа значи оти различните судови врз основа на исти докази не би можеле да носат различни пресуди.

„Би дошло до усогласување на судската практика“, наведува Антонијевиќ.

 Борба против корупцијата

Србија доби задача од Европската унија во наредните пет години да покаже сериозни резултати во борбата против корупцијата. Антонијевиќ вели дека тука се мисли на завршените судски постапки, што ќе сведочат оти таа борба е навистина ефикасна.

Поголеми овластувања ќе добие Агенцијата за борба против корупцијата, а на подобар третман може да смета и народниот правобранител и комесарот за информации од јавно значење.

„Поголем простор и повеќе кадри би требало да добие народниот правобранител, а државата се обврза дека за неговите извештаи редовно ќе расправа Парламентот на Србија. На слично може да смета и комесарот за информации од јавно значење, кому државните институции ќе имаат обврска да му ги даваат сите информации за приватизацијата на државните компании, за јавните набавки и за останатите јавни расходи“, вели Маја Бобиќ.

 Полесно до наследство во странство

Една од предностите за граѓаните на Србија е во тоа што во иднина ќе бидат меѓусебно признати пресудите за граѓански и трговски прашања, без разлика дали се донесени во Србија или во некоја замја од ЕУ. Тоа особено е важно за граѓаните на Србија кои сѐ уште имаат нерешени прашања во врска со наследување имот во поранешните југословенски републики, а кои сега се членки на ЕУ. Ова е важно и за странските инвеститори кои сакаат да знаат дека и во Србија важат истите правила како и во другите земји од ЕУ, кога е во прашање нивната правна сигурност.

Обесштетувања за жртвите на злосторства

Преку реформите во поглавјето 23, Србија ќе се обврзе да им овозможи помош и на жртвите на кривични дела и на осомничените.

„Тоа се однесува на услугите преведување или надомест на штета за жртви на најсериозни кривични дела. Тука се мисли на жртви од трговија со луѓе, од тероризам, кои имаат право во судска постапка што ја води државата по службена должност да добијат решение и за надомест на штетата. Со тоа би се избегнало дополнителното мачење што се случува кога жртвите мораат да бараат надомест за нематеријална штета самостојно преку парнична постапка против своите мачители“, објаснува директорката на белградскиот Центар за безбедносна политика, Соња Стојановиќ Гајиќ.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×