Србија отвори уште две нови поглавја во преговорите со ЕУ, за интелекутална сопственост и царинска унија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

FoNet-VUÈIÆ-HANНа шестата меѓувладина конференција меѓу Србија и ЕК, синоќа беа отворени две поглавја – Глава 7 која се однесува на интелектуална сопственост и поглавје 29 кој се однесува за царинската унија.
Од вкупно 35 поглавја за членство, Србија отворила 10, од кои две се затворени.
Министерот за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ која ја водеше српската делегација изјави дека се надева дека до крајот на годинава Србија ќе може да отвори уште неколку поглавја.
Тоа е добар сигнал и отворена врата за Срабија од ЕУ. Меѓународните околности понекогаш се поволни, а понекогаш не, но верувам дека во наредните четири – пет години ќе можеме да достигнеме подготвеност да разговараме за влез во Европската унијата, изјавила министерката за евопска интеграција Јадранка Јоксимовиќ.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на Твитер им честиташе на Србија и на Црна Гора за отворањето на поглавја во пристапните преговори со Европската унија.

„Голем ден за Србија и за Црна Гора. Им честитам на тие држави за отворањето поглавја. Реформите го трасираат патот кон членство“, напиша Хан на Твитер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×