Србија продава 502 фирми: погледнете кои македонски бизниси се заинтересирани
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 Шест скопски компании –  Адора инженеринг, Ватростална, Санос, Ариље метал, Електроелемент и РАМ-МОНИВ Интернационал,  Машинокоп од  Кавадарци и Грозд од Струмица се македонските компании што поднеле писмо за интерес до српската Агенција за приватизација

Адора Инженеринг од Скопје, една од најбрзорастечките градежни компании во Македонија последниве неколку години, заинтересирана е за влез во српската Трајал (Trayal) корпорација од Крушевац. Трајал е на списокот фирми што српската влада ги продава во процесот на приватизација и реструктурирање на државните фирми, а произведува гуми за возила, заштитни средства и експлозиви. Адора е една од осумте македонски компании што испратиле писмо за интерес до српската Агенција за приватизација, која што во моментов на продажба нуди 502 компании.

Освен Адора инженеринг, на списокот заинтересирани инвеститори од Македонија се уште седум компании: Машинокоп од Кавадарци заинтересирана исто така за Трајал корпорацијата; Грозд од Струмица (Бивода, Бујановац); Ватростална од Скопје е заинтересирана за две фирми, Шамот Даросова и Шамот Фабрика доо од Аранѓеловац; Санос од Скопје (Аутотранспорт, Краљево); Ариље Метал од Скопје (Петар Драпшин, Нови Сад); Електроелемент од Скопје (Електропорцелан, Аранѓеловац) и РАМ-МОНИВ Интернационал од Скопје (ПТТ Кочна техника, Трстеник).

 Вода и  сокови, метална индустрија, транспорт, гуми…

Гледајќи го списокот на српски фирми што се предмет на интерес на македонските инвеститори, тие би влегле во компании или делови од  поголеми системи, со кои што и до сега имале соработка, го познаваат нивното работење и се во истиот или сроден бизнис. На пример, “Грозд“ од Струмица, производител на алкохолни пијалоци, сокови и  пакувана вода, е заинтересирана за “Бивода“ од Бујановац, производител исто така на сокови и вода. “Ватростална“ од Скопје, која работи во областа на огноотпорна, противпожарна, антикорозивна заштита, хидроизолации, итн., е заинтересирана за две српски  компании, “Шамот Даросова“  и “Шамот фабрика“ од Аранѓеловац, компании  производител на огноотпорни, алумо-силикатни материјали и производи.

Српската агенција за приватизација ја огласи продажбата на 15 август, а писмата на заинтересираните инвеститори се примани до 15 септември. Најмногу заинтересирани инвеститори има од Србија-675, потоа од Русија – 26, Германија – 18, Унгарија – 15, Италија -13, САД – 12, додека по 11 заинтересирани има од Кина и Чешка.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×