Србија вели не влегува во Евроазијска Унија, само потпишувала договор за слободна трговија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љаиќ изјави денеска дека Србија на 25 октомври не влегува во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), како што се шпекулира деновиве во српските и регионалните медиуми, туку само потпишува договор за слободна трговија што досега го имаше со Русија, Белорусија и Казахстан.
eaeu-e1566379153349„Онаков договор, како што имаме со Турција или со земјите од ЦЕФТА“, изјави Љаиќ за „Политика“, додавајќи дека Евроазиската унија, во меѓувреме, се проширила и на Ерменија и Киргистан и има донесено одлука да ги усогласи договорите за слободна трговија со трети земји, меѓу кои е и Србија.
„Ова не е нов ССП, нема политика, само трговија. Во рамките на Евроазиската унија, решено е да се започне со обединување на сите договори за слободна трговија што претходно ги имаа со трети земји. Ако Србија речеше дека не сака да го потпише договорот, нашиот договор за слободна трговија со Русија би бил доведен во прашање“, кажа Љаиќ.
Тој додаде дека ваков договор не потпишува само Србија, туку и сите други земји кои имаат договори за слободна трговија со членките на ЕАЕУ.
На 25 октомври, Србија потпишува договор со ЕАЕУ со кој ќе се заменат постојните договори и кој ќе вклучува и проширен список на бесцарински производи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×