Србија воведува регистар на неплатени фактури. Бизнисмените нема да смеат фактурите да ги чуваат “под маса”
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Srbija dinariБизнисмените во Србија кои работат со државата и кои нема да ги пријават фактурите во Управата за трезор, со новите законски измени нема да можат да си ги наплатат парите за сработеното, а ќе им следува и казна од 100 илјади до два милиони динари.

Воведувањето на Централен регистар на фактура е клучна измена на Законот за рокови во измирувањето на парични обврски во комерцијални трансакции, кои се усвоени во декември минатата 2017 година.

Пописот се однесува на сите кои на некој начин работат со државата, а преку тој регистар ќе се прати статусот на секоја фактура за плаќање.

За вработените во јавниот сектор кој ќе дозволи плаќање на фактура која не била регистрирана исто така се предвидени казни од 5.000 до 150.000 динари.

Според Законот за рокови за плаќање, државата во Србија е должна своите обврски да ги плати во рок од 40 дена, а приватниот сектор во рок од 60 дена.
Оваа измена Србија ја носи за да се среди хаосот во плаќањата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×