Средба меѓу папата и рускиот патријарх со милениумско значење
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Средбата на папата и на патријархот на руската православна црква е со милениумско значење, смета белградскиот римокатолички надбискуп Станислав Хочевар.

„Таа средба е исклучително важна, драгоцена, а воедно е и нешто најнормално и логично ако зборуваме за христијанството“, изјави Хочевар во пресрет на средбата на папата Францис и патријархот Кирил, што ќе се одржи на 12 февруари на Куба.

Надбискупот од средбата очекува почеток на нешто ново – поинтензивен дијалог со словенскиот дел од православната црква, што е од големо значење, зашто токму словените се поделиле на римокатолици и православни.

Историската средба меѓу папата и неформално најмоќниот поглавар меѓу помесните православни цркви (големата шизма/раскол меѓу православието и римокатолицизмот е од 1054 година) се подготвуваше со децении, и по различните предлози за соодветна неутрална локација за неа, беше одбрана Куба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×