Средба Заев – Пенс: Белата куќа со силна поддршка за претстојниот референдум кој го отвара патот за во НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

PensОхрабрувачки пораки и поддршка од САД за храброста, одговорноста и лидерство во постигнувањето на договорот со Грција што го отвориле патот за членството на Македонија во НАТО и ЕУ, упатил Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, на средбата која ја имаше доцна вечерта по македонско време со Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Премиерот Заев, придружуван од Заменик претседателот за европски прашања – Бујар Османи, и Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средбата со Мајк Пенс и неговата делегација разговараа за актуелни политички прашања од интерес на граѓаните на двете земји.

„Охрабрени и инспирирани од средбата со Потпретседателот Пенс, остануваме во тесна соработка со САД во исполнувањето на нашата стратешка цел, да ги консолидираме евроатлантските структури за мир, стабилност и просперитет на сите нации кои се дел од истото семејство“ изјавил Заев.

Заев и Пенс разговарале и за можноста заеднички да биде прославен приемот на Македонија во НАТО наредната година, што станало реалност со договорот за името.

Средбата помеѓу премиерот Заев и потпретседателот Пенс во Вашингтон беше на покана на потпретседателот на САД, која следува по посетата на Македонија од страна на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел и искажаната поддршка за референдумот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×