Средношколци од Охрид почнаа со пракса во странските компании како дел од проектот за дуално образование
Објавено на од во Економија
Ученици од средношкилскиот електро машински центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид веќе почнаа со практична настава во компаниите „Костал“, „ЛТХ – Леарница“ и „ОДВ – Електрик“, како дел од проектот за дуално образование.
dualnoПрактичната настава ќе ја реализираат во времетрање од две односно три седмици, а се опфатени ученици од втора, трета и четврта година.
Системот на дуално образование е еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите, а е координирано од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Дуалното образование е образовен систем што претставува комбинација на теоретска настава што е реализира во училишните клупи со практична обука во компаниите. Целта е обезбедување квалификуван кадар за потребите на компаниите, а за учениците можност за вработеување веднаш по завршувањето на образованието, со добиен сертификат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
Инаку, во ОЕМУЦ„ Св.Наум Охридски“ во тек се уписите за прва година, каде се уште има слободни места. Покрај досегашните струки и профили од наредната учебна година учениците ќе можат да се едуцираат и за звањето „Техничар за производно машинство“ исто така во рамки на системот на дуално образование. Феријалната и редовната практична настава за учениците од овој профил ќе се изведува во „Костал“ и „ЛТХ – Леарница“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×