Средношколците од гимназијата НОВА ќе учат за пазарот на хартии од вредност
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нова КХВНов предмет Пазар на хартии од вредност ќе се воведе во меѓународната гимназија Нова во Скопје наменет за проширување на знаењата на средношколците во оваа сфера.
Гимназијата НОВА и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денес потпишаа меморандум за соработка кој ќе резултира со воведување на нов предмет Пазар на хартии од вредност, како дополнителна едукација на средношколците која ќе ја водат стручни лица од Комисијата.
Во план е соработката во иднина да се прошири и на други полиња, но првиот чекор ќе биде едукацијата на гимназијалците за хартиите од вредност.
Нова досега има потпишано меморандуми за соработка со Италијанската амбасада, со Асоцијацијата на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ и со универзитетот Св. Кирил и Методиј.
“Стана наша практика учебната година да ја почнеме со потпишување на меморандум за соработка со реномирана институција во земјава. Планираме да продолжиме со тоа темпо и понатаму, а нашата главна заложба е да им понудиме на учениците разновидност, проширување на видиците и едукација која ќе ги направи поподготвени за предизвиците кои им следуваат во животот. Чест и задоволство е што денес потпишуваме меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност и се надеваме дека покрај воведувањето на овој предмет, нашата колаборација ќе продолжи да се шири и развива и во иднина“, истакнуваат од меѓународното училиште Нова.

Целта на секоја соработка е да се збогати образованието и училишниот живот на основците и средношколците во Нова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×