Среќен Ден на жените со 20 цитати од легендарната “железна лејди” Маргарет Тачер
Објавено на од во lifestyle

Tacer
Маргарет Тачер е дна од најодлучните и најхрабри жени во нашата понова историја. Ја нарекувала уште “Железна дама”, бидејќи не се плашела да се зафати со решавања и на најтешките проблеми. Тачер беше прва жена на местото премиер на Велика Британија и останала на власт цели 11 години. Кога дошла на власт била убедена дека Британија пропаѓа и одлучно се зафатила со спроведување на многу тешки социјални и економски реформи, кои предизвикале и многу негативни реакции кај широките маси.

Важела за голем работник и често работела и по 18 часови дневно. Со нејзиното владеење се започнува посебна политичка филозофија базирана на конкурентски натпревар и приватно претприемништво. Таа ја намалила социјалната помош, ја намалила моќта на синдикатите и ги приватизирала некои од клучните индустрии во британската економија, заради што многу работници останале без работа во тоа време, но денешната сила на британската економија покажува дека Тачер била во право. И дека имала храброст и одлучност, што ги немаат многу мажи во светската политика, да се зафати со вистинските проблеми и реформи, без популистички нагони да се допадне на гласачите.
Tacer 2
Инаку, во однос на политичките ставови позната е по тоа што имала скепса кон формирање на Европска заедница, се противела на обединување на Германија, сметајќи дека ќе биде премногу моќна и ќе управува со Европа, од сите Руси, можела да соработува само со Михаил Горбачов, побарала итно признавање на Словенија и Хрватска при распадот на Југославија.
Прочитајте некои од нејзините навистина инспиративни ставови и размислувања:

“Кога жената покажува карактер за неа велат дека “караконџула”. Кога истото го прави маж, велат дека е карактерен”.

“Пораз? Јас не го разбирам значењето на тој збор”.

“Домот треба да биде центар, но не и граница на животот на жената”.

“Секоја жена која е запознаена со проблемите за водење на домаќинство, ги знае и проблемите за управување на држава”.

“Без економска слобода, не постои никаква друга слобода”.

“ Ако оние кои ме критикуваат би ме виделе како одам по Темза, би рекле “дека тоа е само затоа што не знае да плива”.

“Личните напади кон мене ме радуваат. Тоа значи дека противникот нема никакви други аргументи за критика”.

“Својот непријател морате добро да го проучите. Во тој случај, некогаш ќе можете да го претворите во пријател”.

“Петлите добро кукурикаат, ама јајцата сепак ги несат кокошките”.

“Ако сакате за нешто да се зборува побарајте го тоа од маж, ако сакате нешто да биде сработено, побарајте го од жена”.

“Никој не би сеќавал на добриот Самарјанин ако имал само добри намери. Тој исто така имал и пари”.

 “Речиси 90% од нашите грижи се однесуваат на нешто што никогаш нема да се случи”.

“Жените многу подобро од мажите знаат да кажат не”.

“Богатсвото на државата не треба задолжително да се темели на природни ресурси. Луѓето се главниот ресурс на државата. Државата само мора да им обезбеди услови на луѓето да процветаат”.

“Да се работи се’ со отворено срце не е баш добра идеја. Срцето мора да остане затворено, така подобро функционира”.

“Вообичаено потребни ми се 10 секунди да формирам мислење за некој човек. И тоа ретко се менува”.

“Воопшто не морате да се согласувате со соговорникот за да најдете заеднички јазик со него”.

“Да се биде моќна е исто како и да се биде вистинска дама. Ако на луѓето треба да им кажувате дека вие сте таква, тогаш воопшто не сте тоа”.

“Денес жените имаа многу повеќе можности да се развиваат и некои од нас веќе управуваат и со цели држави. Но, искрено подобро ни личи ташна, отколку пушка”.

“Пристојноста денес многу се цени, а безобразлукот нема цена”.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×