Среќко Хорват: Ние сме во војна што ја водат банките, а не тенковите
Објавено на од во Профил

Srecko_Horvat-WEBСреќко Хорват  филозоф и соосновач на движењето DiEM25

Хрватскиот философ и активист, Среќко Хорват, кој заедно со поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, го основа движењето DiEM25, вели дека денес во светот може да се видат симптоми на нешто што не може да се определи никако поинаку освен како војна. Проблемот е, смета тој, што парадигмата на војувањето се променила, додека нашиот критериум останал во деведесеттите години од минатиот век, односно, кога ќе се каже „војна“, прва асоцијација ни се бомбардирања и тенкови, а денес понаку се војува

 

Хрватскиот философ и активист, Среќко Хорват, заедно со поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, го основа движењето Демократија во Европа (Democracy in Europe Movement 2025 – DiEM25). Бројката на нивни поклоници/истомисленици продолжува да расте, додека во актуелната ситуација во Европа, на нивните трибини, тие предупредуваат дека континентот мора да се демократизира и трансформира, да се сузбие растот на десницата и национализмот, или ќе се распадне. Хорват смета дека живееме во историски период, што „не почнал пред два месеци, ниту пред неколку години, но дека денес гледаме симптоми на нешто што не може да се определи никако поинаку освен како војна“.

„Кога Адорно (станува збор за познатиот германски социолог и философ, Теодор Адорно, н.з.) во едно интервју за Spiegel во 1969 година го прашале: Господин професор, се чинеше дека светот пред два месеци сѐ уште беше во ред?“, тој кратко одговорил: „За мене не беше“. Периодот во кој денес живееме навистина е историски. Тој не почна ниту пред два месеци, ниту пред неколку години, а денеска гледаме симптоми на не што што не може да се определи никако поинаку освен како војна“, вели Хорват во интервју за Al Jazeeru.

Тој смета дека проблемот е што денес парадигмата на војувањето се променила, додека нашиот критериум е останат во деведесеттите години од минатиот век, односно, кога ќе се каже „војна“, прва асоцијација ни се бомбардирања, тенкови и сето она што се преживеа на екс-ЈУ просторите по распаѓањето на заедничката држава. Но, смета Хорват, денес се наоѓаме во една поинаква војна, кога за да биде фрлена бомба повеќе не е потребен ниту авион, ниту пилот, а доволно е беспилотно летало, дрон, за и „дете во Лас Вегас со далечински управувач да убие 1.600 луѓе во Пакистан“.

„Но, и ова веќе стана „класично војување““, продолжува Хрватот:

„За да освоите некоја држава, доволна ви е финансиска инвазија, а наместо тенкови, имате банки. И ако во целата оваа слика го вклучите тероризмот во европските престолнини, бегалската криза, новите мерки за штедење и осиромашувањето на цели генерации, ќе добиете една нова парадигма за војувањето, што најдобро ја опиша италијанскиот философ Џорџо Агамбен во една од своите последни книги под името Стасис. Стасис е антички поим што ја опишувал борбата меѓу олигархиските и демократските фракции во грчките држави-градови, кои, да речеме, Тукидид ги опишал во Историјата на Пелопонеската војна. Накратко, тоа е одговор на државата на внатрешниот револт. Денес токму „стасис“ – граѓанската војна, стана нова политичка парадигма“, вели Хорват.

Соосновачот на DiEM25 смета дека и мерките што европските држави ги преземаат по терористичките напади, за да спречат следни, не само што не создаваат поголемо чувство на безбедност кај граѓаните, туку дури и дополнително ги застрашуваат. Хорват кажаното го илустрира со личен пример, кога неодамна, при слетување во Виена, кога ја поминувал граничната контрола, првото што го дочекало биле четиримина потполно маскирани специјални полицајци со оружје со долги цевки.

„Дали се чувствував посигурно? Не, токму спротивното. Внимавајте, тоа веќе не е така само во градовите што неодамна искусија тероризам, во Париз и во Брисел, туку во поголем дел од Европа. И покрај сета таа контрола, неколку „клинци“ со мобилни телефони и екплозив од сопствената гаража, сеедно успеваат одново да посеат жртви и страв. Борбата против тероризмот е импотентна, бидејќи „менаџментот со стравот“ како прва жртва ги зема нашите сопствени граѓански слободи, додека терористите и натаму ќе удираат по цивили, од месец во месец“.

На прашањето – кој би бил можниот одговор на граѓаните, и што во контекстот може да помогне движењето Демократија во Европа, Хорват вели дека претпоставката од која DiEM25 тргнува е дека Европската унија или ќе се демократизира или ќе се распадне.

„Доволно е да ја погледнете економската стагнација на целиот овој континент, пропаднатите мерки за штедење, приватизациите што водат исклучиво кон приватно богатење, перење пари во Панама, потоа бегалската криза, тероризмот, враќањето на екстремната десница од Унгарија до Полска, сѐ до Хрватска – сите оние симптоми што Антонио Грамши во своите Затворски тетратки убаво ги опиша како „морбидни симптоми“ што се раѓаат кога стариот свет уште не умрел, а новиот уште не може да се роди“, вели Хорват.

Тој смета дека во ваквата ситуација во која денес живееме, и без претерување може да се каже дека „на тоа чудовиште или ќе му погледнеме во очи, или многу брзо ќе се најдеме во ситуација што се изродила од 1930-тите години, кога демократите низ Европа – од радикалните левичари, преку либералите, до социјалдемократите – со сопствената импотенција и неможноста да се обединат во заеднички фронт ја отворија вратата за фашизмот.

„Денеска сме пред онаа ситуација во која Ајнштајн и Фројд, на почетокот на триесеттите години од минатиот век, почнале размена на писма по прашањето – Чуму војна?. Половина година подоцна на власт во Германија, на 30 јануари 1933 година, доаѓа Хитлер“.

Хорват смета дека ЕУ сега греши, кога наместо да ги нахрани бегалците, со шест милијарди евра храни „еден османски диктатор, кој апси новинари и академици, ги истребува Курдите и ѝ дава оружје на Исламската држава“. Хрватот, партнер на Варуфакис, прашува што е друго европската помош за Турција, освен „аутсорсинг“ на бегалците на периферијата, со истовремено пролонгирање на кризата која одново може да се врати како бумеранг, во вид на тероризам, нови граници, екстремна десница …

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×