Српска „Политика“: BMW уште размислува околу локацијата за фабриката
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Конечната одлука за локацијата за градење на новата фабрика не е донесена, изјавила за денешна белградска „Политика“ Сандра Шилмилер, задолжена за комуникации во германската BMW група, по повод информациите дека еден авто-гигант доаѓа во Србија.

Таа наведува дека BMW групата редовно разгледува различни земји како потенцијални дестинации за идни производни локации, како дел од идните планови и долгорочните производни и развојни стратегии.

„Каква и да е одлука за воспоставување идна производна локација ќе зависи, пред сѐ, од капацитетите што се неопходни во рамките на производната мрежа“, вели Шилмилер на прашањето на „Политика“ да потврди или да ја демантира информацијата дека BMW во Србија ќе изгради фабрика, што беше навестено и од српски официјални лица.

По враќањето од Германија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека една голема германска компанија во централна Србија ќе отвори фабрика во која ќе вработи неколку илјади луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×