Српска професорка: Државата господари со медиумите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Државата има многу лица во медиумите. Таа е сопственик, регулатор, финансиер, извор на вести“. Ова го изјави универзитетскиот професор Снежана Миливојевиќ, од Факултетот за политички науки во Белград, коментирајќи ја состојбата во медиумите во Србија.

Таа вели дека извештајот на Советот за борба за корупција покажал дека иако државата излезе од сопственост во медиумите, таа сега со јавни пари преку огласување, маркетинг, донации, истражувања за јавното мислење … ги финансира приватните медиуми.

„Државата е најголем финансиер на медиумскиот пазар. Преку купување на комерцијален простор за огласување на државата, годишно се трошат и околу 210 милиони евра народни пари, а целиот комерцијален рекламен пазар вреди 160 милиони евра. Тоа значи дека државата за огласување дава повеќе од Кока – Кола и другите големи компании“, вели Миливојевиќ.

serbian newspapersСпоред неа, медиумите во Србија повеќе не служат да ги известат граѓаните за тоа што се случува во општеството, туку пренесуваат дворски партиски приказни и сплетки.

Интересно е и тоа што Миливојевиќ не е поборник на тезата дека државата треба целосно да излезе од медиумите, туку нивното финансирање да го прави на поинаков начин.

„Најголема помош на медиумите во Европа им дава Финска која е највисоко рангирана по однос на слободата на медиуми во светот. Оваа земја не им дава директно пари на медиумите, туку тие ги вложува во услови кои овозможуваат нивна слободна и непречена работа“, вели таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×