Српскиот бизнисмен Костиќ купува аеродром, ќе развива елитен туризам во Порторож
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Kempinski Kostić
Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, сопственик на “МК група” е официјално сопственик на 30,45% од Аеродромот Порторож, преку кој најесно се доаѓа до неговиот хотел Кемпински Палас, кој тој го поседува во овој словенечки приморски град.

Според податоците на словенечкиот стопански регистар (AJPES), хотелот Палас Порторож, чиј сопственик е Миодраг Костиќ, преку швајцарската компанија Агро Холдинг, купил 30,45% од Аеродромот Порторож. Тој удел Костиќ го откупил од Фрапорт Словенија, словенечкиот најгоем аеродром.
Костиќ е заинтересиран да го купи и преостанатиот удел во воздушната лука Порторож, а размислува исто така и за купување на Марина Порторож.
“Заинтересирани сме од останатите сопственици во Аеродромот Порторож да ги преземеме уделите. Наша цел е промоција на Порторож како дестинација од највисока елитна категорија, и затоа во наш интерес е да има што поголем број летови, како и работење на Марината Порторож со полн капацитет”, информираат од “МК група”
Српските медиуми пишуваат и дека Костиќ планира да го откупи и комплексот Кемпински Адријатик Савудрија на хрватската страна на Пиранскиот залив, а ќе продолжи и да инвестира во хотели со пет ѕвезди во Црна Гора.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×