Српскиот стартап CarGo до крајот на годинава ќе се прошири во осум европски градови
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
CarGo сега е достапен во Виена, а по Цирих ќе се шири и на уште еден европски пазар.
cargoДо крајот на годината беше договорено да се отворат операции во уште осум градови во Австрија, изјавиле од CarGo.
“Во првиот инвестициски циклус, CarGo ангажираше 200 луѓе во Виена да работат со хибридни и електрични автомобили, а очекуваме уште 2.000 луѓе да добијат работа преку српската апликација до крајот на годинава”, рече извршниот директор на CarGo, Вук Губериниќ, по повод проширувањето на бизнисот во Австрија.
Губериниќ рече дека од објавувањето за пристигнувањето во Виена, добил повеќе од 10.000 регистрирани корисници, а по официјалниот почеток на работата очекува уште повеќе луѓе кои ги препознаваат придобивките што ги носи иновативната визија за бизнис.
“Ние сме многу горди што српски производ полека но сигурно ја отвора вратата на Европската Унија и ги проширува своите операции во земји во кои има развиен пазар, електронското плаќање е стандард, а граѓаните се технолошки образовани”, рече Губериниќ.
Тој додаде дека граѓаните на Австрија го признале CarGo како компанија која е посветена на подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина, автомобили кои се користат само на електрична енергија и не испуштаат штетни гасови.
“Ние одлучивме дека првиот град во Австрија, во кој ќе отвориме бизнис да биде Виена, поради тоа што постојано се гласа за град со најдобар квалитет на живот во светот. Ние сакаме да го пренесеме своето искуство за важноста од користење на хибридни и електрични автомобили и здрава животна средина во Србија “, рече тој.
Губериниќ рече дека по проширувањето на работење во Швајцарија и Австрија, по понатамошни инвестиции и проширување на регионалните операции има јасна амбиција да стане лидер во Југоисточна Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×