ССК ги објави своите предлози за намалување на аерозагадувањето
Објавено на од во Економија

Eлектрични автомобили, дронови за лоцирање на диви депонии, стандард за пасивни куќи, се дел од предлозите на ССК за справување со загадувањето.

foto-press-ssk-208886

Заедничка акција на приватниот и јавниот сектор за побрза замена на старите возила со нови електрични, итно справување со дивите депонии и промовирање на стандардот за пасивни куќи кај кои потрошувачката на енергија за греење се намалува за 90%, се трите предлози на Сојузот на стопански комори на Македонија во насока на намалување на загадувањето на воздухот.

За разлика од европските држави каде се бележи пораст во продажбата на електрични возила, во Македонија од почетокот на 2018 година до октомври се купени само 48 електрични возила што е многу мала бројка.

– Бенефитот не е само во намалување на аерозагадувањето, туку има сериозна заштеда и во потрошувачката на гориво. Од лично искуство, заштедата во потрошувачката на гориво е околу 80 до 90 проценти што се реални пари кои не ги даваме за гориво. Возилата не се многу скапи и цената на едно такво возило би била приближно на цената на дизел возило со исти перформанси. Значи, не е потребно многу повеќе пари да се вложат, а имаме заштеда, бенефиции и сме општествено одговорни, истакна денеска на прес-конференција Александар Милошевски, потпретседател на ССК.

Причините за малата продажба и употреба на овој тип автомобили, според ССК, се цените на овие автомобили, но и недоволно развиената инфраструктура и инсталирани полначи.

Покрај субвенционирањето што Владата го најави за купување на вакви автомобили, од ССК предлагаат да се субвенционира и купувањето на батерии и делови за овие возила, како и да се разгледа можноста за бесплатни патарини и паркинзи и ослободување од царинските давачки при увозот на вакви автомобили.

Во однос на дивите депонии, ССК предлага да се користат новите технологии од типот дронови и да се снима теренот за полесно откривање и справување со овој проблем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×