ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на половно возило
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го поздравува донесувањето на новиот Закон за возила со кој се предвидуваат субвенции за набавка на возила со повисоки еколошки стандарди, но не гледа потреба од субвенционирање на набавката на половни возила.
данела арсовска„Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата истовремено, но не ја гледаме потребата во делот за субвенционирање на половни возила. Сепак, сметаме дека треба да се задржи социјалниот аспект, но истовремено да се поткрепи со еколошкиот, односно да им се овозможи на граѓаните со субвенционирање и со обезбедување бескаматни кредити да можат да си дозволат да ги заменат старите возила со нови што нема да имаат импакт врз животната средина“, рече претседателката на ССК Данела Арсовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Таа нагласи дека во светот имало вакви практики, но само за возила што не ја загадуваат или минимално ја загадуваат животната средина.
Арсовска: Добро е да има капитални инфраструктурни проекти, но не ни треба дополнително задолжување
„До сега не сме имале пракса за субвенционирање половни возила, ниту во Европската Унија, ниту, пак,во поблиската околина и не знам дали можеби Министерството за економија има информации и конкретни примери каде е применето или спроведено такво нешто. Сепак, бидејќи мерката важи и за нови возила веруваме дека е добра, но сметаме дека нејзините крајни ефекти треба да ги опфатат светските практики за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Тоа се постигнува само со мерки што се добро осмислени и долгорочни со кои возилата што загадуваат се исфрлаат надвор од сообраќајот“, потенцира Арсовска.
Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска смета дека деловната зедница треба да има повеќе информации за конкретните капитални инфраструктурни проекти и за изворите за нивно финасирање, за да ја коментира најавата на преиерот Зоран Заев дека ќе следи нови инвестициски циклус од пет милијарди евра.
„Да се има капитални инфраструктурни проекти е од големо значење за граѓаните и за деловната заедница, бидејќи секоја од компаниите ќе може да биде вклучена во нив и да даде свој придонес. Тоа секако влева и дополнителни свежи средства во економијата и ќе ја зголеми потрошувачката, меѓутоа првично треба да ги знаеме изворите на парите и кои се конкретните проекти за кои се планираат да се потрошат планираните средства за да можеме  да дадеме мислење и подетално да го образложиме“, рече Арсовска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во ССК.
Таа посочи дека треба да се внимава со натамошното задолжување на земјава.
„Во овој момент знаеме на која граница е задолжувањето на земјава и не веруваме дека дополнителни задолжувања би требало да бидат нешто кон кое што ќе целиме. Тоа е одговорност на Владата. Ние како деловна заедница не можеме да влијаеме и единствено можеме да го кажеме своето мислење“, нагласи Арсовска.
Премиерот Заев вчера со видео порака на својот фејсбук профил, го најави претстојниот инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.
„Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат“, кажа Заев во пораката на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×