ССМ даде поддршка на владината мерка за организиран одмор на работници со ниски приходи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Сојузот на синдикати на Македонија ја поздрави владината мерка за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 22 илјади денари.
ssm-1 (2)„Сојузот на синдикатите на Македонија континуирано укажува на ниските примања на работниците во државата, посебно на работниците кои примаат минимална плата, со која не можат да ги задоволат основните потреби за себе и семејството вклучително и заминувањето на годишен одмор. Во оваа насока ССМ ја поздравува мерката на Владата на Република Северна Македонија, за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000,00 денари. ССМ ги повикува и охрабрува работниците да се пријават на јавниот повик да ја искористат оваа мерка“, се вели во соопштението.
ССМ апелира и до работодавачите да извршат навремена исплата на регресот за годишен одмор, а освен зголемување на минималната плата, предлага и скалесто зголемување на платите на сите работници. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×