Сталевски: Ни фалат менаџери и лидери кои што ќе знаат како да ги градат и задржат квалификуваните вработени
Објавено на од во ЛУЃЕ И ПРИКАЗНИ...

ЦЕФЕ Македонија е една од најразвиените и најактивните членки на светското семејство кое го сочинуваат преку 100 ЦЕФЕ центри, водени од ЦЕФЕ Интернационал.

Jovan-Stalevski Јован Сталевски, претседател на организацијата за професионален тренинг и консалтинг „ЦЕФЕ Македонија“ и интернационален обучувач и советник по ЦЕФЕ Методологија, претприемничката кариера, вели, ја должи „на луѓето кои што во круши и јаболка му го објасниле цел Економски Факултет преку ЦЕФЕ Методологијата“.

ЦЕФЕ е кратенка од “Competency based Economies, Formation of Enterprise”, или во превод, градење на економии засновани на компетенции, преку креирање на претприемачи. Методологијата е развиена во доцните 80-ти од Германската влада, со цел да им помогне на населението претежно во државите од Источна Европа и Азија (држави кои во тоа време преминувале во пазарна економија), да ја изградат својата конкурентност и претприемничките компетенции. Светските искуства и мерења покажаа дека на 98% од учесниците од микро претпријатие и на 68% на учесниците од мали и средни фирми им се зголемиле приходите за 30%, вработиле дополнителни лица, или ги прошириле своите бизниси.

Капацитетите на своите обучувачи, ЦЕФЕ Македонија ги гради, а воедно и креира нови во организации во Чиле, Јамајка, Филипини, Германија и скоро цела Европа, а од 2020та и во Венецуела, Уганда и Турција.

Нивната мисија, како што вели тој, „отсекогаш била, и ќе биде, да го промовираме и шириме претприемачкиот дух, култура и да поддржуваме постоечки и нови претприемачи, преку обуки и советувања засновани на ЦЕФЕ методологијата“.

За состојбите, предизвиците и главните кочници за развојот на претприемништвото во земјава, Капитал разговараше со претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски.

Во земјава веќе има храбри пионери кои ги засукуваат ракавите, започнуваат свој стартап и се борат со пазарот. Тоа покажува дека идеи не ни недостигаат, туку ни недостига реализација. Каде според вас е алката која недостига, за успешно претприемништво?

Бидејќи ова прашање си го поставував после секоја одржана обука, можам да кажам дека секој бизнис во најголема мера зависи од претприемачот и неговите компетенции. Ќе потенцирам неколку фактори, што ги одвраќаат претприемачите да се впуштат во реализација: стравот, комфорната зона, недостигот на самодоверба, слушање на секакви “експерти” и општественото опкружување кое зрачи од просечност а не од брилијантност.

Совет кој сум го применил и на себеси е: следење на принципите и потезите на луѓе кои веќе постигнале резултати во посакуваната дејност, да се направи првиот чекор – дури и по цена да се погреши и тоа да се гледа како на: учење од грешките, процесирање на наученото и “издигнување од пепелта”. Тоа издигнување да резултира со подобрен план, производ, услуги, мајндсет и однесувања J (доколку не сме подготвени за некој “дар”, универзумот неизбежно ќе ни даде лекција да научиме). За надминување на погорните ситуации, мене лично ми помогнало неформалното искуствено образование. Таму сум научил како да ги минимизирам ризиците и да не се фокусирам на тоа што може да тргне наопаку, туку на она што може да тргне на убаво.

Што повеќе ни недостига, квалификувани работници или квалитетни менаџери кои ќе ги знаат и да ги задржат кадрите?

Како кај пчелите што има јасна хиерархиска поделеност на обврските и улогите: матицата да го одржува континуитетот на кошницата; работничките да собираат ресурси и да произведуваат; и трутовите кои придонесуваат за одржување на работата на матицата. Така и во бизнисот има претприемачи, менаџери и техничари. Секој има засебна улога во креирањето на една успешна бизнис приказна. Претприемачите живеат, и треба да живеат, во иднината – да бидат лидери кои што ќе помагаат на своите вработени да го дадат својот максимум и да се реализираат преку задолженијата. Менаџерите одработуваат за минатото, т.е. преку делегирање конкретни задачи и функции, осигуруваат непречен тек за постигнување на целите, кои се веќе испланирани во минатото. Техничарите или вработените треба да живеат во сегашноста, т.е. да осигурат дека оперативните задачи се завршуваат ефективно и ефикасно според зададени стандарди. Секој вработен кој што ќе научи да функционира во повеќе области тој е пофлексибилен и посреќен.

Кај нас повеќе ни фалат менаџери и лидери кои што ќе знаат како да ги градат и задржат квалификуваните вработени. Зошто? Бидејќи и пазарот на труд, како и секој пазар е жива материја и постојано се менува. Доколку денес има во изобилие кадри за одреден профил, утре можеби да нема, или слично. Затоа претприемачите се тие кои што треба будно да ги следат промените на пазарот на трудот и да реагираат соодветно на секои позитивни или негативни промени.

Постојано слушаме за повици за развој и интензивирање на претпиемништвото и стартапите во земјава. Дали таквата ситуација е поскоро фатаморгана отколку оаза за постоечките претприемачи, (а според споделените искуства и за оние кои имаат дилема да ли да се впуштат во инвестиција и реализирање на бизнис идеја).

Тоа е точно, и мене лично ме радува што тоа е така, од причина што преку тие повици и шеми на поддршка се зголемува свесноста и се промовира начинот на претприемничка кариера, што за жал не кај многу луѓе е сеуште познат. Познато им е во теорија од средно училиште што учеле дефиниции но не разбрале и ги заборавиле. Секако дека на еден пазар штом постојат многу понудувачи така и квалитетот и целните групи се различни. Така и на овој пазар за будење на претприемничка свест, убаво е да постојат и да се јавуваат повеќе понудувачи. Секако, тие што ќе докажат резултати пазарот ќе ги препознае, задржи и развива понатаму.

Што се според Вас е потребно да се промени за да се даде простор и стимул за развој на нови и современи бизнис модели?

Многу просто. Најпрво испитување на клиентите дали преферираат некаков нов бизнис модел, или истражување како функционира тој модел на некој сличен пазар. Доколку одлучиме да го воведеме, нормално треба да ги испитуваме резултатите од неговото функционирање, и континуирано да го подобруваме според условите на пазарот и преференции на клиентите.

Она што многу успешни луѓе го прават е: воведување креативност во задоволување на потребите на клиентите; излегување надвор од својот град, село, држава за да се увиде што прават конкурентите во други земји; искористување на глобализиран свет; моќта на интернетот, технологијата и дигитализацијата ни нудат пазар од 4,3 милијарди лица кои се присутни на интернет.

Домашното воспитување, влијанието на најблиските пријатели и формалното образование да охрабруваат преземање на ризик и креирање на нова вредност, наспроти форсирањена сигурност (најчесто сфатено како традиоцанелн пристап, државна работа или диплома од факултет).

Мораме континуирано да иновираме, воведуваме нови технологии, едуцираме нашите клиенти, бидејќи светските трендови покажуваат дека останувањето во зоната на сигурност е најголемиот ризик на денешницата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×