21 јули, 2025
1 минута читање

Станавте менаџер? Еве совети како да ја преживеете новата функција

Да се дојде на менаџерска позиција или на ново работно место е возбудливо, но и застрашувачко искуство. Првите три месеци се клучни за успехот, а 46% од нововработените менаџери не траат повеќе од 18 месеци, покажало истражувањето на Leadership IQ, a пренесено од Guardian.

Студијата нагласува дека техничките вештини не се главната причина за (не)успех, туку лошите комуникациски вештини. Ова се неколку совети што на новите вработени и менаџери може да им помогнат да ги пребродат тие критични 18 месеци.

  • Да ги научите имињата на соработниците и што е тоа што ги мотивира е најдобар начин како да се создаде силен прв впечаток. Новиот менаџер мора да биде воочлив и да комуницира со сите.
  • На состаноците, како и на работа,  како менаџер мора да дојдете пред останатите. Така ќе се покажете како посветена и амбициозна личност.
  • Да го запознаете сопствениот тим е многу важно. Ручеци или кафиња се одличен начин да дознаете што се случува  во средината и може да одиграат клучна улога во развивањето доверба помеѓу шефот и вработените.
  • Секоја канцеларија си има своја политика и култура, а важно е да се разберат правилата на игра што е можно побрзо.
  • Прво слушајте и посматрајте, а потоа делувајте. Мислењето формирајте го дури откако сте имале време да ја проучите културата и политиката на фирмата. И начинот на облекување прилагодете го кон останатите во канцеларијата.
  • Прашајте ги соработниците, претпоставените и деловните партнери како тие би сакале да комуницирате со нив – лично, телефонски, по мејл  – и колку често.
  • Никој не сака изненадувања, а особено не оние што се над вас. Ако проектот не оди како што сте планирале и ветувале, од клучна важност е на претпоставените што порано да им го јавите тоа. Мора да сте спремни дека работите нема да одат како што сте замислувале, но она што мора да го имате, е план “Б“.
  • Луѓето можат да го загубат кредибилитетот многу брзо ако не ги исполнат очекувањата. Затоа бидете внимателни и кога ви се чини дека работите се одвиваат совршено.
Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ