Standard & Poor го намали кредитниот рејтинг на Русија на статус “ѓубре”
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рејтинг агенцијата Standard & Poor (S&P) го намали кредитниот рејтинг на Русија од BB+ на неинвестицискиBBB-, односно т.н “ѓубре” (junk) статус со негативна перспектива за  руската економија Ова е прв пат во изминатава деценија кредитниот рејтинг на Русија да падне на толку ниско ниво.

Како причина за намалување на рејтингот од Агенцијата го наведуваат слабеењето на рубљата и намалувањето на приходите во буџетот од извозот на нафта и гас.
Руската економија е тешко погодена од падот на извозните цени на нејзините енергенси и санкциите кои Западот ги воведе кон неа поради кризата во Украина.

Експертите проценуваат дека нискиот рејтинг на Русија може да наштети на имиџот на земјата кај инвеститорите и да ги зголеми трошоците на државата за позајмување, бидејќи клучните инвестициски и пензиски фондови имаат правила против инвестирање во хартии од вредност на која било корпорација или држава која нема инвестициски рејтинг.

One thought on “Standard & Poor го намали кредитниот рејтинг на Русија на статус “ѓубре”

  1. samo kratko,….se znae li koj e kreditniot rejting na Makedonija koja e oaza za investicii,…..
    Loso e koga se ima dva arsina za ista rabota,….i edna ispravka,….gjubreto ne zapocnuva na BBB- tuku knogu porano,…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×