Connect with us

економија

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

објавено

на

Кредитната агенција „Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата. Има неколку сценарија коишто ги образложува кредитната агенција во врска со движењето на македонската економија. Според оптимистичкото сценарио, можно е да се зголеми кредитниот рејтинг „доколку континуираните реформи ги зајакнат институциите со зачувување на одржливите фискални политики“. Од друга страна, како можен позитивен придонес се посочува процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ при што кредитната агенција нотира дека „аспирациите може да останат сидро за институционални подобрувања и структурни реформи“. Песимистичкото сценарио според кое може да се намали кредитниот рејтинг се базира на предупредувања околу нивоата на дефицитот на тековната сметка и на буџетот.

Кредитната агенција „Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата.

Од кредитната агенција посочуваат дека по остриот пад во второто тримесечје лани, економијата до крајот на 2020 година постепено заздравуваше. Нотираат дека индустриското производство во декември минатата година оствари позитивен резултат за првпат од почетокот на кризата во февруари 2020 година.

„Проценуваме дека економијата на Северна Македонија се намали за 4,4% во 2020 година. По падот од 15% во вториот квартал од 2020 година, најдлабокиот досега, очекуваме дека економијата постепено се закрепнува кон крајот на 2020 година. Краткорочните индикатори укажуваат на многу умерена контракција во последниот квартал. Во декември, индустриското производство ја забележа првата позитивна месечна стапка на раст од февруари“, пишува во Извештајот на S&P.

Потоа се наведува дека земјата е интегрирана во глобалните синџири на снабдување, особено во автомобилскиот сектор, а помалку зависна од услужниот сектор – на пример, туризмот – отколку останатите земји од регионот. Токму тоа, во комбинација со влијанието од мерките на ограничување на движењето неколку месеци преку воведување полициски час, се смета дека значително се одразило на економската активност, особено преку трговскиот канал.

Меѓутоа, изгледите за годинава се пооптимистички.

„Очекуваме економијата на Северна Македонија да порасне за 3,6% во 2021 година по нејзината контракција предизвикана од пандемијата минатата година. Проектираме дефицитите на тековната сметка и фискалниот дефицит да се стеснат постепено во текот на 2021-2024 година и нето државниот долг да се искачи на околу 57% од БДП – околу 15 процентни поени погоре отколку нивото пред пандемијата“, пишува во Извештајот на оваа кредитна агенција.

S&P образложува дека рејтинзите за Северна Македонија остануваат ограничени од ниските нивоа на доход; институционалниот развој како и ограниченоста на монетарната политика од фиксниот курс на денарот.

Стабилните изгледи според Standard & Poor’s ги одразуваат очекувањата за предвиденото економско закрепнување годинава кое би требало да ги намали  фискалниот и надворешните дефицити во текот на следната година.

Има неколку сценарија коишто ги образложува кредитната агенција во врска со движењето на македонската економија.

Според оптимистичкото сценарио, можно е да се зголеми кредитниот рејтинг „доколку континуираните реформи ги зајакнат институциите со зачувување на одржливите фискални политики“. Од друга страна, како можен позитивен  придонес се посочува процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ при што кредитната агенција нотира дека „аспирациите може да останат сидро за институционални подобрувања и структурни реформи“.

Песимистичкото сценарио според кое може да се намали кредитниот рејтинг се базира на предупредувања околу нивоата на дефицитот на тековната сметка и на буџетот.

„Можеме да го намалиме рејтингот ако фискалниот дефицит и минусот на тековната сметка се поголеми отколку што проектираме во текот на следните една до две години, заедно со континуиран пораст на нето државниот долг или напластување надворешен стрес. Рејтингот исто така може да се најде под притисок доколку стабилноста на домашниот финансиски систем ослаби во хипотетичко сценарио за влошување на квалитет на средствата, како и при постојана конверзија на депозитите во девизи“, образложуваат од Standard & Poor’s.

Позитивни пост – пандемиски очекувања

Standard & Poor’s наведува дека очекува значајни владини инвестиции во инфраструктурата во периодот од 2021 до 2024
година, во насока на подобрување на инфраструктурата во транспортот, здравството и образованието со инвестиции од 3,2 милијарди евра или речиси 30% од 2021 година проектираното БДП. Исто така, наведуваат и дека Владата презема активности за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции.

„Очекуваме Северна Македонија да го надмине шокот предизвикан од пандемијата на нејзината економија, како и нејзините надворешни и фискални индикатори. Во насока да се ​​ублажи влијанието на мерките за ограничување и намалена странска побарувачка за извоз на земјата, Владата распореди значителен стимул за зачувување на работните места и производните капацитети во економијата на земјата. Како резултат на тоа, нето долгот на општата влада ќе се зголеми на 53% од БДП во 2021 година од 41% во 2019 година“, пишува во Извештајот.

Потоа се наведува дека економскиот раст на земјата ќе забрза во текот на 2021 година, особено преку јавни инвестиции, приватна потрошувачка и враќање на извозот.

„S&P“ посочува дека Северна Македонија е интегрирана во глобалните синџири на добавување, особено во автомобилската индустрија. Закрепнувањето на автомобилската индустрија, како и на економиите на нашите најголеми трговски партнери како Германија, ќе придонесат за закрепнувањето и на нашата економија.

„Очекуваме дека заживувањето на глобалниот автомобилски сектор во последните неколку месеци ќе го поттикне закрепнување на економијата годинава. Но, економските перспективи на земјата зависат од развојот на клучните трговски партнери – на пример, Германија која учествува со околу 50% во извозот на земјата“, наведува S&P.

Се очекува и домашната потрошувачка да го поткрепи растот. Како што наведува кредитната агенција, антикризните мерки кои ги презема Владата во 2020 година помогнаа да се зачуваат работните места и, воедно, дејствуваа како бафер – олеснувач при влијанието на кризата врз економијата.

„Фискалниот стимул од околу 4% од БДП во 2020 година, во различни групи на мерки за поддршка, помогна да се зачуваат работните места и да се ублажат  економските последици од пандемијата. Очекуваме дека мерките за поддршка ќе се повлекуваат постепено, во зависност од закрепнувањето, или ќе бидат заменети со други мерки како што е петти пакет за поддршка објавен во февруари 2021“, посочува S&P.

„Долгорочните изгледи за растот го поткрепуваат нашето очекување дека акумулацијата на долг ќе забави на умерено ниво следните две до три години. Во исто време, пристапот до финансирање од официјални и пазарни извори, ги поткрепуваат рејтинзите“, се наведува во Извештајот.

„Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од ковид-кризата се од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите за состојбите и јасен показател за нивната доверба во политиките кои се водат во земјава“, посочуваат од Министерството за финансии.

Фокус на јавните инвестиции

Исто така, според оценките на S&P, она што е значајно за стабилноста на домашната валута е и одлуката на Европската централна банка за овозможување пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа.

Агенцијата наведува дека очекува значајни владини инвестиции во инфраструктурата во периодот од 2021 до 2024 година, во насока на подобрување на инфраструктурата во транспортот, здравството и образованието со инвестиции од 3,2 милијарди евра или речиси 30% од 2021 година проектираното БДП. Исто така, наведуваат и дека Владата презема активности за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции.

„Очекуваме големите инвестиции во инфраструктура да го поттикнат растот во периодот 2021-2024 година. Јавните инвестиции ќе бидат фокус на Владата предводена од СДСМ формирана есента 2020 година. Ова е со цел е за подобрување на физичката инфраструктура во транспортот, здравството и образование, а во таа насока, ги забележуваме напорите на владата да го подобри извршувањето на плановите за капитални трошоци“, истакнуваат од S&P.

Според кредитната агенција, другите приоритети на внатрешната политика вклучуваат обезбедување на фискална одржливост и спроведување структурни реформи кои поддржуваат раст.

„Ја забележуваме важноста за задржување на конкурентноста во контекст на зголемувањето на трошоците за работна сила и падот на продуктивноста во 2020 година. Гледаме позитивно на постојаните напори на владата да привлече странски директни инвестиции (СДИ) во слободни економски зони, кои се зголемија во последниве години и го зголемија извозот.  Како и да е, економската структура останува прилично основна, со извоз на добра со ниска додадена вредност. Компаниите во слободните економски зони се концентрирани во електроника и автомобилски сектори, но голем дел од суровините сè уште се увезуваат, наместо од домашни извори, што ја ограничува пошироката интеграција на слободните зони во домашната економија“, посочува S&P.

Потоа кредитната агенција забележува дека приоритетите на надворешната политика на владата завршиле со неуспех кога Бугарија стави вето на преговарачката рамка и го блокираше почетокот на преговорите за пристапување кон ЕУ кон крајот на минатата година.

„Не мислиме дека ова ќе го смени евроатлантскиот курс на Северна Македонија, но разочарување од повторувањето на блокади на патот и покрај напорите на земјата во последните неколку години (меѓу другите, промена на името во Северна Македонија по договорот од Преспа со Грција за решавање на долгогодишниот спор) може да го намали расположението кај населението. Во исто време, домашната политичка поларизација помеѓу СДСМ и националистичката ВМРО-ДПМНЕ останува висока. тесните изборни резултати коишто се случија многу пати, вклучително и во 2020 година, и често резултираа со парламентарна блокада, при што ниту една од страните не обезбеди лесно мнозинство. Сепак, СДСМ и партијата на етничките Албанци ДУИ се согласија за продолжување на нивната коалициска влада. И покрај реформите во последниве години, сметаме дека институциите на Северна Македонија имаат недостатоци, што владата ќе има за цел да ги подобри. Доколку би се отвориле преговорите за пристапување во ЕУ, ова би можело да биде важно сидро за овие реформи“, истакнува S&P.

Фискална консолидација

Во однос на буџетскиот дефицит, Standard & Poor’s велат дека очекувањата се дека ќе се намали во 2021 година на 4,9% од БДП и дека согласно владините проекции ќе продолжува постепено да се намалува секоја година.

„Фискалниот дефицити во просек ќе се движи околу 4% во 2021-2024 година, како резултат на зголемување на нето долгот  на општата влада до 57% од БДП до 2024 година“, велат од S&P и посочуваат дека буџетскиот дефицит лани порасна дури 8,1% од БДП како резултат на експанзивната фискална политика и потребата од вбризгување пари за да се амортизира корона – кризата.

Според проценките на S&P, фискалниот дефицит ќе се намали на 3,1% од БДП до 2024 година.

„Нашата прогноза претпоставува дека дефицитите ќе се намалат поумерено во споредба со проекциите на владата, што ја одразува нашата пониска проценка на економскиот раст. Разбираме дека владата има за цел да ја зајакне фискалната рамка. Владата ја усвои стратегијата за реформа на даночниот систем во декември 2020 година, со цел, меѓу другото, да го подобри прибирањето приходи и во крајна линија за поддршка на економскиот раст. Подобрувањето на наплатата на приходите игра важна улога во плановите за консолидација на владата, бидејќи приходите во однос на БДП заостануваат во споредба со европските земји со повисок доход.

За монетарната политика

Од Агенцијата се осврнуваат и на монетарната политика, стабилноста на девизниот курс на денарот, нивото на девизните резерви и на состојбите во банкарскиот систем.

Изнесувајќи ги своите согледувања за монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на корона-кризата, од Standard & Poor’s заклучуваат дека олабавената монетарна политика обезбедила поддршка на економијата.

Во врска со девизниот курс на денарот во однос на еврото, во рамките на извештајот се посочени согледувањата и оцените на Агенцијата за задржувањето на неговата стабилност. Имајќи предвид дека краткорочните капитални текови не се застапени, според оцените на Агенцијата, тоа значително ги намалува ризиците за македонската економија. Воедно, во извештајот истакнуваат дека нивото на девизните резерви е соодветно и дека на крајот на 2020 година е повисоко во споредба со крајот на 2019 година, што е значајно за стабилноста на домашната валута.

Исто така, според оценките на S&P, она што е значајно за стабилноста на домашната валута е и одлуката на Европската централна банка за овозможување пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа.

„Банкарскиот систем е стабилен“ – истакнуваат од S&P, посебно нагласувајќи го ниското ниво на нефункционалните кредити. Притоа, во извештајот, од Агенцијата се осврнуваат и на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, при што напомнуваат дека тоа нема влијание врз стабилноста на банкарскиот систем. Во извештајот се истакнува дека севкупниот пораст на депозитната база во 2020 година ја потврдува задржаната доверба. Притоа, ја нагласуваат важноста на задржувањето на довербата.

Continue Reading
економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

банки7 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини