Станува ли Балканот тампон зона меѓу ЕУ и бегалците?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стануваат ли земјите од Западен Балкан тампон зона меѓу Европската унија и бегалците? Ова се дел од насловите во регионалните и европски медиуми, по вчерашната одлука на ЕУ да испрати припадници на Фронтекс кои ќе ги контролираат надворешните граници на Унијата.

По тешките и напнати преговори, на мини- Самитот во Брисел кој  беше посветен само на оваа криза, претседателот на Европската комисија презентираше план од 17 точки.

Клучните точки од договорот предвидуваат итна имплементација на билатералните мерки за градење доверба, посебно во засилувањето на граничната соработка меѓу државите. Исто така се бара, Грција, Македонија и Албанија да ја засилат контролата на надворешната земјена граница, при што Фронтекс ќе треба да помогне во регистрација на бегалците и мигрантите кои се уште не се регистрирани во земјите.

Првата точка од планот на Јункер предвидува сите учеснички земји на состанокот во рок од 24 часа да именуваат лице за контакт во своите кабинети со цел да се олесни размената на информациите и координацијата со управување на бранот од бегалци. Дополнително, било договорено и мигрантите кои не ги исполнуваат условите за азил веднаш да бидат враќани назад.

Според истиот документи, челниците ќе се обврзат дека ќе ги зголемат капацитетите на своите земји со цел на беглаците да им се пружи привремено засолниште, храна, вода и здравствена заштита, а ако немаат можност да го направат тоа тогаш ќе треба да побараат придвижување на Механизмот на ЕУ за цивилна заштита.

Исто така, Јункер бара од земјите да се обврзат дека нема да го поттикнуваат доаѓањето на мигрантите на границите на другите земји без согласност од тие држави.

„Политика на насочување на беглаците спрема соседните земји не е прифатлива“, се вели во нацрт документот.

One thought on “Станува ли Балканот тампон зона меѓу ЕУ и бегалците?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×