Стапката на невработеност во ЕУ достигна најниско ниво од 2009 година
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стапката на невработеност во еврозоната и во целата Европска унија во октомври продолжува да паѓа и со 8,3% го достигна најниското ниво од 2009 година, покажуваат податоците објавени од страна на Европската статистичка служба – Евростат.

Во земјите каде се употребува еврото како платежно средство, невработеноста се намалила на 9,8%, што е најниско од јули 2009. Високата стапка на невработеност останува кај младите до 25 години и тоа во ЕУ изнесува 18,4%, додека во еврозоната, дури 20,7%.

Во целата Унија, во октомври без работа останале 20.448 милиони луѓе, од кои 15.908 милиони од еврозоната. Во однос на септември бројот на невработени во ЕУ се намалил за 190.000 луѓе и за 178.000 во еврозоната.

Од земјите-членки на ЕУ, најниска стапка на невработеност има Чешка, каде што таа достигна 3,8%, јави дописникот на МИА од Прага. Веднаш по неа е Германија со 4,1%.

Спротивно на тоа, највисока стапка на невработеност има во Грција и во Шпанија.

Во споредба со октомври минатата година, забележан е тренд на намалување на невработеноста во 24 земји, а во Естонија, Австрија Данска се зголемил процентот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×