Star Wars играчките само во САД заработиле над 700 милиони долари во 2015
Објавено на од во lifestyle

Само од продажба на Star Wars играчки компанијата Disney во 2015 година во САД заработила над 700 милиони долари , а во Канада околу 100 милиони. Нормално, со ваква продажба, играчките поврзани со филмската франшиза на Џорџ Лукас се најпродавани во Америка за 2015 година, а еден од најбараните божикни подароци бил BB-8 (БиБи-Ејт), мини-дроид играчка со која управувате со смартфон. При ваква продажба, Disney наскоро на пазарот лансира нови модели играчки, па, проценките се дека до крајот на 2016 година само од продажба на книги, играчки, облека и кукли ќе заработи неверојатни пет милијарди долари. Според податоците на американската истражувачка агенција NDP Group, вкупната заработка од продажба на играчки во САД во 2015 година е 19,4 милијарди долари, што е раст за 6,7% во однос на 2014 година. Инаку, филмот Star Wars: The Force Awakens стана прв филм во историјата што успеал од продажба на кино-влезници да стигне до сума од милијарда долари заработка само за 12 денови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×