Стартапи од Македонија ќе имаат пристап до “венчр фонд“ од 40 милиони евра
Објавено на од во Start-up

South Central Ventures, компанија што менаџира со парите на европскиот “венчр фонд’ ENIF, отвори канцеларија во Скопје. Фокусот е на стартапи што развиваат мобилни и веб решенија, интернет на нештата (IoT) или слични инфраструктурни проекти, како и агротехнички решенија.

Со работа почна South Central Ventures, компанија што ќе менаџира со парите на ENIF фондот- 40 милиони евра обезбедени од ЕУ институциите за инвестирање на иновативни компании од регионот: Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Официјално фондот е веќе стартуван во Загреб и Белград, и од пред некој ден беше отворена и канцеларијата во Скопје.

Зад South Central Ventures стои тимот на RSC Capital од Словенија, како основачки партнери кои носат 8 годишно искуство во инвестирање во регионот.

Во кои стартапи ќе се инвестира?

Фокус е ставен на технолошки стартапи, или конкретно мобилни и веб решенија, интернет на нештата (IoT) или слични инфраструктурни проекти, како и агротехнички решенија.

Фокус нема да бидат проекти од областа на биотехнологија или нано-материјали, бидејки се многу капитално интензивни и потребно е подолго време за развој и комерцијализација.


Во кои фази на развој на стартапот ќе се инвестира?

South Central Venturesрасполагаат со фонд од 40 милиони евра за стартапи од целиот регион. 1.5 милион евра се наменети за ‘seed’ инвестиции кои ќе достигнат до 100 000 евра по стартап. Овие средства се наменети за проекти кои се на самиот почеток и работат на валидирање на бизнис моделот и пазарот. Остатокот е наменет за ‘early stage growth’ инвестиции кои се од 0.5 до 2 милиони евра по стартап. Овие инвестиции се за сериозни тимови кои веќе имаат ‘traction’, база на клиенти и остваруваат приходи, и се наменети за интернационален развој на бизнисот и освојување на нови пазари.
South Central Venturesнастапуваат со ‘smart money’, односно освен капитални инвестиции, стартапите добиваат дополнителна вредност – контакти и мрежа преку т.н. Клуб на основачи во кои се некои од најискусните инвеститори, ментори и претприемачи од регионот.Со инвестициите South Central Ventures влегуваат со малцинско учество во бизнисот.

Како да им пристапите?

South Central Venturesвеќе имаат отворена канцеларија во Скопје.  Татјана Забасу е директорка на канцеларијата во Скопје, а фидбекот и анализитенастартапиќегоправатИванаСтанковиќ и Ирена Ефремовска, активни на македонската стартап сцена. Фондот нема отворени повици врзани со рокови туку е отворен секое време да чуе за најамбициозните стартапи. Тимот во Скопје е во потрага по стартапите кои ‘dream and do it big’. Најдобар начин да се оствари контакт е да им се пристапи на некои од стартап настаните, кои често ги посетуваат, и да се разговара за идејата и потенцијалот за инвестиција и раст.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×