Стартапи се натпреваруваат во бизнис идеи на Дигиталниот самит во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Десет стартап компании од шест држави од регионот ги претставија своите бизнис идеи на „Натпреварот за убедување“ што се одржува денеска на Саемот на ИТ фирми во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан во Скопје.

„Настанот е за поддршка на регионалните стартап еко системи“, изјави Весна Ивановска, член на жири-комисијата и генерален менаџер на Едукативниот центар на „Сивус“, организатор на активноста која е заедничка иницијатива на германската развојна соработка и македонското Министерство за информатичко општество и администрација.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, исто така член на жири-комисијата, изјави дека во владината програма и во планот за економски раст е посветен посебен дел за малите и средните претпријатија, а особено за поддршка на стартап компаниите.

„Македонската економија во иднина треба да се базира на иновативни проекти од младите едуцирани луѓе. Ги охрабрувам сите кои имаат такви идеи да настапат храбро, бидејќи како никогаш досега Владата ќе биде поддржувачки настроена кон нивните идеи. Тоа ќе го манифестираме преку финансирање со т.н. трет столб на мерки за економскиот раст на Македонија“, изјави Анѓушев.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×