Стартапи се презентираа пред инвеститори во Сеавус Инкубаторот
Објавено на од во Start-up

Првиот јавен „Ден за демонстрација“, каде стартапи кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор ги презентираа своите бизнис идеи пред инвеститори, бизнис ангели, фондови на разичен капитал, технолошки развој и иновација, се оддржа оваа сабота.

Пред-акцелераторската програма, дизајнирана и имплементирана од Сеавус Инкубатор, има за цел да ги подготви претприемачите и стартапите за изработка на прототип, рана промоција на производ или финансирање.

Вкупно 21 тим учествуваа во 8-неделната програма, при што оние стартапи кои бараа инвестиции, застанаа на сцена за да ја „продадат“ својата идеја на заинтересираните инвеститори. Судиите, меѓу кои беше и Алан Шаф, основач и извршен директор на IMGUR, ги избраа најдобрите три тимови: Гордијан Системи, Системс фор ентерпрајс и Резервирај.мк.

„Денот за демонстрација“ е подржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус.

Според заменик шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Македонија, Стефан Томаџан, во земјава има претприемачки потенцијал кој не е целосно искористен .

„Швајцарија е целосно посветена на поддршка на претприемништвото во Македонија, и преку разни активности ги поддржуваме акцелераторите и инкубаторите со цел да понудат подобри и поразновидни услуги на претприемачите. Ги поддржавме Сеавус Инкубаторот во дизајнирање и спроведување на пред-акцелераторската програма каде претприемачите се здобија со знаења и деловни вештини за да ги подготват своите стартапи за рана промоција на нивните производи или за обезбедување на финансиски средства“, изјави Томаџан.

На овој настан му претходеше неколкудневна директна менторска активност на основачот на IMGUR, Алан Шаф, во пред-акцелераторската програма, директна работа со старт-ап компаниите, како и пренесување на своите искуства и знаења на локални тренери кои во иднина треба да ги користат во активностите на и Сеавус Инкубаторот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×