Стартапите бараат подобра регулатива и помалку мешање на регулаторите во работата на фирмите
Објавено на од во Економија
„Позитивен фактор во Македонија е тоа што има голема поддршка и пристапност до информации за компаниите, но негативно е што институциите и регулаторните тела премногу се мешаат во работењето на фирмата, особено при моментот за повраток на ДДВ“.
битолаВо насока на подобрување на легислативата и нејзина полесна имплементација, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, вчера во Битола се одржа информативен настан чија цел е доближување и подобро запознавање на бизнис заедницата со законските прописи поврзани со формирање на старт ап компанија.
Фасилитатор на настанот беше проф. д-р. Азир Алиу, професор на Универзитет на југо-источна Европа зборуваше околу предизвиците и бенефитите од основање на Технолошки Парк во Тетово и регионот.
Деканот на ФИКТ, Игор НЕделковски го претстави проектот „Емплојутх“, кој се спроведува како дел од ИПА погранична програма со Грција. Негови препораки за стимулација на студентите за основање на стартап се вложување на поддршка за стекнување на меки и бизнис вештини, како и мотивација и менторство за основање на стартап. Негово согледување е дека младите ИТ професионалци не се одлучуваат да основаат фирма со вештините што ги имаат бидејќи во регионот просечна плата на искусен програмер се движи околу 65000 денари, а за дизајнери е околу 45000 денари. Тоа им дава комотен живот и не сакаат да ризикуваат.
Дејан Алексов, од Стартап Македонија зборуваше за правните регулативи за основање на стартап фирма и дефинираше што значи стартап фирма според законот за иновациска дејност на РСМ. Тој повика на и воспоставување на правни механизми преку компаративно следење на државите кои важат за стартап нации, и учење од нивните исксутва.
Владимир Робевски, ко-сопственик на 4 фирми во Австралија и Македонија даде свое лично искуство како е да се отвори и води фирма во Австралија, а како во Макеоднија. Кои се предностите и недостатоците.
Како позитивен фактор го наведе скалестото оданочување на приходите во Австралија, при што доколку приходот е помал, претприемачот плаќа помалку данок, и обратно.
„Предизвик во цел свет е наплатувањето на побарувањата, при што секој стартап претприемач треба да го има на ум“, и повика на механизми за амортизирање на таа загуба од страна на државата.
„Позитивен фактор во Македонија е тоа што има голема поддршка и пристапност до информации за компаниите, но негативно е што институциите и регулаторните тела премногу се мешаат во работењето на фирмата, особено при моментот за повраток на ДДВ“. рече тој.
„Најголем можност која храбри да се отвори фирми во Македонија е ефтината работна сила, но истовремено и најголемиот предизвик било да се најде квалификуван работен тим“, додаде тој и објасни дека неговата фирмата вложува по 30% во обука на кадар, и негово барање е законско и системско решение за обучување на ИТ кадарот во Македонија.
Негови пресметки се дека загубите што ги трпат македонските компании од времето и ресурсите потрошени во дополнителна квалификација на трудот се можноста да бидат до 5 пати поголеми од тоа што се сега.
Негови препораки за промена на регулативата се: давање можност на редовните студенти да бидат во редовен работен однос и  поттикнување на младите да стекнуваат работни навики од нивните 15 години младост.
Тошо Тодоров од АдеваИТ, препорачува да се создадат услови преку рзлични закони младите да пробаат да работат на различни места. Да се измени законот за фиксно работно време и да се преиспита, затоа што многу македонски претприемачи отвораат фирми во странство.
Како резултати од дискусијата се даде препорака да се разгледа и да се регулираат спин-оф компаниите, кои што излегуваат од факултетите, со што би имал придобивка и и универзитетот, и професорите и студентите но и општеството од овој тип на компании.
Исто така се дискутираше законот за практиканство дека не е доволно промовиран и спроведен, а дека може да даде позитивни резултати во стартап работењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×