Стартапите и фирмите со годишен приход до 100 илјади евра да се ослободат од данок на добивка
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Pavle-Gacov-680x451

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека државата треба да размисли и да ја зголеми границата за плаќање на данок на добивка или, пак, за целосно ослободување од овој данок за фирмите во првите пет години од основањето.

“Мислам дека Македонија треба да размисли да ја зголеми границата за плаќање на данок на  добивка од досегашните 3 милиони денари барем двојно, односно сите фирми кои имаат вкупни приходи од 6 милиони денари (околу 100 илјади евра) да бидат ослободени од плаќање на овој данок. Сметам дека фирмите кои имаат годишен обрт од 100 илјади евра не се сериозни фирми и се уште не се знае дали ќе ги биде или на, па така и треба да бидат третирани”, вели Гацов.
Според него, Македонија треба да размисли да воведе даночно ослободување и кај новооснованите фирми. “Почетните старт ап фирми во Македонија треба да се поддржат со даночно изземање барем во првите пет години од основањето и да се продолжи ослободувањето кај персоналниот данок при вработувања на пет од досегашните три години. Тоа е некој нормален период во кој новите фирми можат да добијат финансиска сила по што може да плаќаат некаков данок”, вели Гацов.
Во Македонија стапката на данок на добивка е 10% и таа е една од најниските стапки во регионот. Во Македонија сите фирми кои имаат вкупни приходи до 3.000.000 денари или до 49 илјади евра се ослободени од плаќање на данок на добивка. Оние кои имаат приходи од 49 илјади евра до  околу 100 илјади евра имаат избор да плаќаат данок на добивка од 10% или данок на вкупните годишни приходи од 1%. Оние фирми, пак, кои имаат вкупни годишни приходи над 6 милиони денари (100 илјади евра) плаќаат данок на добивка од 10%.
Ова ослободување од даноците на малите и микро фирми во Македонија кои имаат приходи до 49 илјади евра се воведе во 2011 година. Претходно фирмите беа ослободени во првите три години од плаќање на данок на добивка без разлика колку приходи ќе остваруваат.
Даночните советници велат дека границата од 49 илјади евра годишни приходи е поставена многу ниско и фирмите кои прават вака мал годишен приход се всушност микро мали фирми. Тоа е или фирма која работи неполна година или, пак, е толку незначително мала што не треба да биде земена во даночната база, бидејќи тоа ќе биде само оптеретување и трошок како за фирмата, така и за даночните служби, а фискалниот ефект од наплатата речиси никаков.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×