„Стартапувај“ отвори 45 нови работни места со просечна плата од 462 евра
Објавено на од во Економија
Четирисет и пет нови работни места со просечна плата од 462 евра се првичните ефекти од 48-те проекти што добија финансиска поддршка преку повикот „Стартапувај“ на Фондот за иновации и технолошки развој.
стартапувајСоздавање уникатни дизајнирани производи што може да бидат користени од лица со делумно или целосно оштетен вид, развивање напредна технологија за безпочвен систем за производство на билки кои се користат во фармацевтската индустрија, иновативен уред наменет за велосипеди кои ги трансформира во електронски, се само дел од проектите што беа презентирани вечерва во присуство на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.
Заев на добитниците на грантовите им порача дека токму тие ги движат промените во државата и изрази уверување дека сите ќе бидат успешни и ќе донесат нова додадена вредност во економијата.
„Вложувањето во стартап бизнис идеите е вложување во иднината и во нашиот заеднички напредок и прогрес. Иновациите и претприемачкиот дух се промените што го движат напредокот. Затоа на младите кои имаат креативни идеи мора да им ја пружиме целосната поддршка“, рече Заев.
Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Светска банка, како што посочи, обезбедија средства во износ од 1,8 милиони евра како финансиска поддршка на овие проекти. Со поддршката на овие стартапи се отвораат 45 нови работни места, а просечната нето-плата е димензионирана на износ од 462 евра, потенцираше Заев.
Поддршка за реализацијата на идеите од стартап проектите најави и вицепремиерот Анѓушев, упатувајќи им совети како да станат успешна приказна на пазарот.
„Ова е ера на стартапи. Најсилните и најголемите компании на денешницата почнале како стартапи, се развивале многу бргу и се меѓу најуспешните. Опстојуваат само стартапите што ќе ги пребродат неуспесите“, рече  Анѓушев.
Како што наведе, Програмата што ја креираше Владата за помош на индустријата и стопанството годинава изнесува 70 милиони евра и е за 47 проценти повеќе од ланската.
„Освен 30-те странски директни инвестиции и фабрики што се градат во државата, помогнати се и над 300 домашни компании, меѓу кои и стартапи. Стартапите што ги промовираме сега се над оваа бројка. Радува тоа што ги има од сите области – машинство, информатика, градежништво, биотехнологија, земјоделство“, посочи Анѓушев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×