Connect with us

start up

Startup Weekend Skopje повторно во живо, 6-8 мај во Инофеит

објавено

на

Теchstars Startup Weekend е интернационален настан поддржан од Google for Entrepreneurs.  До сега се организирани повеќе од 3,000 настани во 150 земји, низ кои поминале над 400,000 млади претприемачи. Скопје е град домаќин на Techstars Startup Weekend по 11-ти пат.

Оваа година ќе се одржи 11то издание на Startup Weekend Skopje! По 2 години онлајн издание, оваа година настанот ќе се одржи во живо од 6ти до 8ми мај во Инофеит!

Startup Weekend Skopje e 54 часовен настан каде младите претприемачи имаат можност да ја презентират и разработат својата иновативна стартап идеја! Многу повеќе од настан – Startup Weekend Skopje преку претприемништвото и тимска работа, инспирира и ги мотивира младите да разработат нешто свое. На настанот младите имаат можност да ја презентираат својата стартап идеја, да формираат тим и со помош на менторската поддршка да го разработат концептот околу идејата! Картите за овогодинешниот Startup Weekend Skopje се веќе во продажба и можете да купите – ТУКА.

Во периодот од 6-ти до 8-ми мај во просториите на Инофеит, младите претприемачи и креативци ќе добијат уникатна шанса да развиваат и тестираат своите стартап решенија.

Исто така, учесниците ќе имаат можност да ја споделат својата идеја со локалните и странски ментори, кои несебично ќе го споделат нивното искуство и ќе ги советуваат учесниците како да ја разработат својата идеја.

На крајот од настанот, решенијата кои ќе бидат оценувани од судии-експерти, ќе се стекнат со вредни награди, како и реална можност за реализирање на нивната идеја.

Теchstars Startup Weekend е интернационален настан поддржан од Google for Entrepreneurs.  До сега се организирани повеќе од 3,000 настани во 150 земји, низ кои поминале над 400,000 млади претприемачи. Скопје е град домаќин на Techstars Startup Weekend по 11-ти пат.

Tимот Солвео, кој 5-та година по ред го организира Startup Weekend Skopje вели дека ова е искуство кое не треба да се пропушти. Исто така, тие додаваат и дека не постоjaт лоши идеи туку постојат само лоши одлуки. Затоа и ги повикуваат сите млади иноватори да направат чекор напред и да се пријават на настанот.

Kaртите се во ограничен број, веќе пуштени во продажба и можат да се купат на следниот линк

За повеќе информации околу настанот, посетете ги официјалните профили на Facebook и Инстаграм

македонија2 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија3 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија4 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија4 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки4 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија4 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост