Стартува Академија за претприемништво за млади од Македонија, Грција и Романија
Објавено на од во Економија
Во проектот „Претприемничко учење за млади“ ќе се вклучат 60 лица, по 20 од секоја од трите држави. 
Akademija pretpriemnistvo

 

 

 

 

 

 

 

Денес стартуваше проектот „Претприемничко учење за млади“ чија што крајна цел е  преку едукацација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ja намали невработеноста и да гo развива претприемништвото во Македонија.

Проектот ќе се реализира преку Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60 млади лица – по 20 од Македонија, Романија и од Грција.Академијата ќе започне да функционира во јули годинава и ќе трае до јули 2018 година.

“Преку оваа Академија ќе им дадеме конкретна поддршка на младите претприемачи да ги развиваат своитебизнисвештини, ќе им дадеме конкретна поддршка во развојот од идеја до конкретен бизнис план и ќе им обезбедиме бизнис консултанти и ментори коиќе им го пренесат своето знаење во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. Со еден збор ќе им го олесниме патот во етаблирање на нивниот бизнис“, изјави Јован Сталевски, претседател на организацијата ЦЕФЕ Македонија, на денешната презентација на проектот „Претприемничко учење за млади“.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата, а заеднички го имплементираат: Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijin si Dezvoltare од Романија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×