Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, за 45 минути ќе се стигнува до Приштина
Објавено на од во Економија

BlaceСледниот месец ќе биде објавен тендер за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце, а градежните работи се очекува да стартуваат во вториот квартал годинава, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за транспорт Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Со изградбата на автопатот во должина од 12,5 километри во вредност од 110 милиони евра, се очекува патувањето меѓу Приштина и Скопје да се скрати од сегашните два часа на 45 минути.

Вицепремиерот Османи истакна дека станува збор за стратешки проект за Македонија  и оти Косово е најевтиниот и најсоодветниот извозен пазар за државава.

”Годишната трговска размена со Косово е околу половина милијарда евра при што Македонија има значителен суфицит. Затоа е многу важно да имаме автопат за да може нашите трговци да испорачуваат стока во Косово, рече Османи, според кого проектот е од важно регионално значење како дел од агендата за поврзување во рамки на Берлинскиот процес.

За првата делница во должина од 1,9 километри до 20 јануари треба да заврши целосното проектирање, по што ќе следи објавување тендер. Првата делница од автопатот треба да биде завршен до крајот на годината. Паралелно со активностите за првата фаза ќе се работи на препроектирање на втората фаза од клучка Блаце до клучката Стенковец во Скопје во должина од 10,5 километри, која треба да стартува од 2020 година. За неа е предвидено да се објави тендер во првиот квартал следната година, по што во вториот квартал би почнале и градежните работи. Целосната изградба на делницата се очекува да биде завршена кон средината на 2023 година.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов појасни дека првата делница е издвоена како посебна функционална целина која може да се реализира побрзо, бидејќи теренот не е тежок за изведба, нема тунели и е во непосредна близина на ГП Блаце и Царинскиот терминал. Втората делница од клучката Блаце до клучката Стенковец кај Скопје е потешка за проектирање и изведба. На неа се предвидени четири тунели во должина од околу 4 километри, осум мостови, како и други објекти на патот во должина од 1,2 километра и други објекти, информира Китанов, посочувајќи дека како и на останатите автопати и овој ќе има патарини.

Изработката на проектите и препроектирањето се финансира со грант од ВБИФ инструментот на Европската унија. Овој проект е меѓу стратешките опфатени со единствената секторска листа на проекти на Владата и Националниот комитет за инвестиции. Инвестициите за првата делница изнесуваат околу 10 милиони евра и се обезбедени од Буџетот на ЈП за државни патишта. Од проектираните 110 милиони евра за реализација на проектот 73 милиони евра ќе се обезбедат преку заем од ЕБОР за кои се очекува да биде потпишан договор до крајот на годинава. Дваесет и седум милиони евра треба да се обезбедат преку грант од ВБИФ за што е поднесена апликација уште во ноември лани.
Автопатот Скопје-Блаце треба да има две коловозни ленти со по две сообраќајни ленти за возење со широчина од 3,5 метри и по една лента за застанување од 2,5 метри. Вкупната проектирана широчина на автопатот е 27,5 метри. На целата автопатска делница се предвидени две клучки, кај Блаце и кај Стенковец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×