Стартуваа три мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти
Објавено на од во Економија

Министерството за економија објави три јавни повици и ги повика сите трговски друштва и здруженија да ги поднесат своите апликации.

ministervo-za-finansii-1

Министерството за економија врз основа на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година ги објави следните три јавни повици:

- Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија - развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар;
- Јавен повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија за 2019 година;
- Јавен повик за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија за 2019 година.

„Ги покануваме сите трговски друштва и здруженија заинтересирани за аплицирање да ја посетат веб страната на министерството за економија: www.economy.gov.mk, за да се запознаат со условите за аплицирање, потребните документи за аплицирање, висината на надоместување на трошоците и рокот за доставување на барањата“, се вели во објавата од министерството за финансии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×