Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК
Објавено на од во Економија
Главниот фокус ќе биде ставен на порталот www.izvoz.mk, кој има за цел на едно место да ги обедини сите важни информации од земјата и светот, пазарните трендови, како и да ги сподели успешните домашни и странски примери и добри практики во градење на успешна извозна стратегија.
IzvozMK Foto
Денеска стартуваше Извоз.МК, специјализирана платформа за промоција и поддршка на македонскиот извоз и македонските извозни компании.
Главниот фокус ќе биде ставен на порталот www.izvoz.mk, кој има за цел на едно место да ги обедини сите важни информации од земјата и светот, пазарните трендови, како и да ги сподели успешните домашни и странски примери и добри практики во градење на успешна извозна стратегија.
Преку специјализираните категории Export Intelligence, Извозен водич, Саеми, Извозни пазари, ќе се објавуваат најнови трендови, истражувања и анализи кои ќе им бидат од корист на компаниите кои веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги направат почетните чекори за интернационализација на својот бизнис.
Исто така, на порталот www.izvoz.mk ќе се објавуваат и информации од областа на:
Транспорт и логистика –во посебна рубрика на порталот ќе бидат опфатени информации за најважните вести и најновите трендови во областа на транспортот и логистиката, како и понудата на производи и услуги од страна на транспортните и логистичките компании во земјата кои играат важна улога за олеснување на извзозот и трговијата со странство.
Финансиски услуги – во посебна рубрика ќе се објавуваат најнови информации и понудите на производи и услуги кои ги нудат деловните банки и финансиски институции, како и производите и услугите на осигурителните компании, на државната развојна банка и другите институции за поддршка на извозот и трговијата.
Во услови кога во Македонија извезуваат само 3.500 компании, што е околу 6,5% од вкупно 53.669 активни фирми, а извозот учествува со околу 55% од Бруто домашниот производ (БДП), од пресудно значење е да се зголеми извозот, преку зголемување на бројот на фирми кои извезуваат, отворање на нови пазари и производство на нови извозни производи, преку обезбедување на целосна институционална поддршка на фирмите за полесен и поуспешен настап на странските пазари.

Целта на Извоз.МК е да се зголеми свесноста кај јавноста и носителите на економските политики дека за мали економии, како што е македонската, извозот е од пресудно значење за остварување на поголем економски раст и развој, повисоки плати и повисок и поквалитетен животен стандард.

Мисијата за зголемување на извозот во државата може да биде успешна само ако на неа работат и дадат свој придонес сите институции, почнувајќи од државната и локалната администрација, министерствата, економската дипломатија и македонските амбасади низ светот, финансиските и осигурителни институции, стопанските комори, извозните компании, Царината, Развојната банка, научно-образовните институции и сите носители на економски политики.

Извоз.МК ќе биде отворен за предлозите и идеите на сите чинители кои можат да придонесат  во градењето на клима за подобар животен стандард преку поголем и поконкурентен извоз.
Контакт:
Биљана Здравковска Стојчевска
основач и уредник
Тел: +389 70 401 162
e-mail: biljana.zdravkovska@izvoz.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×