Стартуваше заедничкото гранично управување на Македонија и Србија со ГП Табановце
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” на овој премин.
табановцеПремиерите  на двете држави Зоран Заев и Ана Брнабиќ на свеченоста на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.
„Исполнуваме уште обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и  на Србија на регионално и на европско ново – заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево кој предвидува заеднико управување на граничните и царинските контроли со  едно застанување. Овој проект значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка на Западен Балкан дефиниранана Самитот во Трст од јули 2017 година, и што е особено значајно претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави“, рече премиерот Заев.
Тој потенцираше дека по целосното завршување на патната инфраструктура на двете страни од автопатот,  изградбата и проширувањето на царинскиот терминал на овој граничен премин ова е  последната фаза од создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните.
Според Брнабиќ, двете држави први воспоставија заедничко гранично упрваување во овој дел на Европа Новиот едношалтерски заеднички граничен премин на границата меѓу Србија и Македонија, како што нагласи Брнабиќ, ќе овозможи побрз проток на товарните возила и претставува сигнал којшто треба да ја охрабри регионалната трговија и трговската размена.
Преку  ГП Табаноце лани поминале околу 200 000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила. Се очекува,  истакна Заев, тој годинава да се зголеми за 30 проценти и да достигне 260.000.
Намаленото време на поминавње на границата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави и на транзитните, а на деловните луѓе за половина ќе им се скрати времето на царинските постапки, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, предвидено  е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, ќе се намали можноста за царински измами.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×