Статистика: Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија
Објавено на од во Економија
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2%, недоволната странска побарувачка со 15,6%, недоволната домашна побарувачка со 14,4% и неизвесното економско опкружување со 11,9%.
лентаДржавниот завод за статистика денеска објави дека раководителите на фирмите во преработувачката индустрија ја оценуваат како поповолна економската состојба на деловните субјекти во јуни споредено со мај годинава, како и во однос на јуни минатата година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни во однос на мај годинава е зголемен за 0,3 процентни поени и изнесува 21.3, а во однос на јуни лани е зголемен за 1,5 процентни поени,
Состојбата на безбедноста на производството со порачки во јуни во однос на мај годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај лани.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни годинава изнесува 69,9 проценти од нормалното искористување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×