Статистика: Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија
Објавено на од во Економија
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава е зголемен за 0,2 процентни поени и изнесува 20,7, а во однос на март минатата година е згоелене за 1,6 процентни поени.
prerab indus„Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март  во однос на февруари годинава е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на февруари годинава“, објави денеска Државниот завод за статистика.
Економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија  во март годинава е поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на март лани, сметаат раководителите на фирмите, кои во анкетата за Државниот зваод за статистика навеле и дека очекуваат бројот на вработени да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март  годинава изнесува 69% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 25,6%, недоволната странска побарувачка со 16,1%, недоволната домашна побарувачка со 14,6% и неизвесното економско опкружување со 10,7%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×