Ставија рака и на биткоинот. Се отвара прва законски регулирана берза за биткоини во САД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Финансиските власти во Њујорк ја издадоа првата дозвола за отворање на Биткоин берза на која граѓаните од САД ќе можат да ја разменуваат дигиталната валута.

Со дозволата од New York state’s Department of Financial Services, берзата за биткоини itBit добива статус како банка и ќе биде прва целосно регулирана берза на биткоини во САД.

“Ова е навистина голема работа, не само нас, туку на Биткоин индустријата”, вели Чарлс Каскарила, извршен директор на itBit.

Во изминатиов период неколку нерегулирани берзи на биткоини пропаднаа под сомнителни околности, нарушувајќи ја довербата во дигиталната валута.
ItBit веќе работи со клиенти од Сингапур. Заради строгите процедури за отворање на сметка itBit планира главниот фокус да го насочи главно кој големи инвестиции и финансиски институции.

Инаку itBit е основана од неколку луѓе кои имаат искуство на Wall Street, вклучително и првиот човек Каскарила, кој претходно работел за Goldman Sachs и Bank of America. Првиот оперативен директор на itBit Ендру Чанг, доаѓа од Гугл.

Иако цената на биткоинот во изминатава година стагнира, интересот за неговата технологија постојано расте, посебно кај финансиските и технолошките компании.

Минатата недела Goldman Sachs стана првата банка која направи значителна инвестиција од 50 милиони долари во компанијата itBit.

Берзата за биткоини itBit засега има канцеларии во Њујорк и Сингапур.

Берзата за биткоини ќе им дозволува на клиентите да купуваат, да продаваат и да држат во залиха дигитални токени како некој вид на дигитално злато.

Откако биткоинот беше создаден во 2009 година од мистериозниот директор Сатоши Накамото, берзите на биткоини се наоѓаа главно надвор од САД.

Многу корисници на биткоин, кои беа привлечени кон оваа дигитална валута токму заради нејзината независност од властите, се противеа на барањето на законски дозволи и лиценци. Но, itBit и некои други компании кои веќе работат со биткоини се на став дека без законски лиценци ќе биде многу тешко биткоинот да стане пошироко прифатена валута.

Додека некои го гледаат биткоинот како потенцијал да се работи надвор од системот, ние гледаме на него на поинаков начин. Ние веруваме дека биткоин технологијата има огромни потенцијали во рамки на постојниот систем- да го направи поефикасен, да понуди нови решенија и да не однесе сите нас во иднината”, смета првиот човек на itBit,Каскарила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×