StayUncle направи промет од три милиони долари нудејќи соби за љубов
Објавено на од во луѓе и компании

StayUncle1 WEB 959 01Стартапот на Македонецот Блаже Аризанов продолжува да ја бранува Индија

Во конзервативното индиско општество, стартапот StayUncle во кој што ко – основач и главен за маркетинг е Блаже Аризанов од струмичко Борисово, им помага на љубовните двојки да си најдат хотелска соба за интимно дружење. И покрај противењето на закоравените конзервативци бизнисот на Блаже и ортаците вртоглаво расте и за дваесетина месеци направија приход од три милиони долари, а расте и интересот на инвеститорите да вложат во нивниот проект.

 

Полиција влегува во повеќе хотели во Бомбај, Индија, околу 2-3 часот по полноќ, упаѓа по собите и апси 40-тина млади двојки, сите невенчани. И сите добиваат кривични пријави, принудени се да ги повикаат своите родители и да кажат пред нив што сториле. Нивниот криминал е “непристојно однесување во јавност“, како што вели полицијата, пишува лондонски Guardian.

Онаму каде што некои гледаат неморал, други гледаат можност за заработка.

“Ние имаме гаранции од хотелите за дискреција. Нема чукања на врата, чудни погледи и непријатни прашања“, вели Блаже Аризанов,  Македонец  од струмичко Борисово, за чијшто бизнис потфат пред точно една година пишувавме. Тој веќе три години со својот стартап StayUncle ги руши табуата во конзервативната Индија, каде што обезбедувањето дискретен простор за интимно дружење е голем проблем за младите парови што не се венчани. Компанијата што Аризанов ја основаше заедно со индискиот претприемач Санчит Сети реши да им помогне во оваа “мисија“ со тоа што креираше онлајн платформа преку која што може да се резервира соба во пристојни хотели, што ќе се согласат да влезат во партнерска мрежа со StayUncle и нудат 12-часовен престој, во утрински или вечерен термин. Во земјата со околу 1,3 милијарди жители, и покрај брзиот економски развој последниве две децении, сè уште многу млади живеат под исти кров со своите големи семејства, и тешко може да обезбедат простор за дружба со своите партнери, додека во земјата сe’ уште владеат конзервативните пишани и непишани правила дека двојки што не се венчани не смеат да водат љубов.

“И ние од компанијата сме биле апсени, сешто имавме доживувано. Се селевме од стан во стан, затоа што ни доаѓаа и дома да не вознемируваат, едноставно бевме загрижени за својата безбедност. И денес, иако табуата пополека се кршат и с$ поголем број на двојки резервираат хотелски соби, борбата со ‘идеолошките’ противници не престанува, напротив, се разгорува, затоа што и медиумската експонираност сега ни е многу поголема“, ни раскажа лани ова време Аризанов.

Но, и покрај сите проблеми со коишто се соочуваат, и тие како понудувачи на оваа услуга, а и нивните клиенти, StayUncle не се колеба во својата намера да стане голем бизнис во огромната индиска економија. Неодамна тамошниот портал за бизнис вести businessworld.in напиша дека компанијата направила обрт од три милиони долари за 20 месеци, потпирајќи се на сопствени сили, без никаква позначајна инвестиција од страна. Но, со оглед на вртоглавиот раст на интересот за овој начин на изнајмување соби и влегувањето на 800-от хотелски партнер во нивната мрежа, интересот на инвеститорите за StayUncle исто така расте.

Потенцијалот голем, се чека инвеститор

“Последниве неколку месеци, за разлика од порано, забележуваме поголема отвореност кај инвеститорите за да разговараме околу нашиот концепт. Иако, повеќето од нив с$ уште не се уверени дека потенцијалниот пазар е доволно голем, бидејќи не постојат секундарни извори на податоци и пресметки околу сето ова. Многумина мислат дека пазарот на хотели за парови во споредба со конвенционални хотели за туризам е премал. Ние пак, од друга страна инсистираме на тоа дека пазарот изгледа мал затоа што е неорганизиран и неструктиуриран, а во суштина е огромен и профитабилен и дека во следните 5 години бројот на резервации за кратки љубовни престои ќе го надмине бројот на патнички хотелски резервации“, ни пиша деновиве Блаже Аризанов од Индија.

Тој уште вели дека со StayUncle постојано смислуваат начини како да се разликуваат што повеќе од традиционалните портали за онлајн резервации и од останатите компании што нудат сличен вид услуга.

“Наскоро ќе претставиме понуда на декорирани соби за двојки што сакаат да прослават специјален ден, годишнина и сл. Понатаму, ќе промовираме и опција за сензуални производи, како сексуални играчки, помагала, масла за масажа, итн.“, додава Аризанов.

За патешествието на StayUncle Блаже подготвува и книга, која што треба да излезе во печат во мај месец годинава, ако се ‘ оди по планот, како што вели тој.


На почетокот била поинаква замислата

Како StayUncle стана спас за љубовните парови во Индија

Интересно е што StayUncle на почетокот не бил воопшто замислен како платформа што ќе им помага на двојките да најдат соба. Идејата на Санчит Сети – човекот што всушност го има основано стартапот, а подоцна Блаже му се придружува откако се запознале во 2015-та на една технолошка конференција во Њу Делхи – била StayUncle да биде онлајн место каде што хотелска соба на само неколку часа ќе може да изнајмат оние што престојуваат во некој град покусо време, се транзитни патници и сл.

“Санчит сметаше дека тука има пазарен потенцијал, затоа што на луѓето често им е прескапо да резервираат соба за цел ден, а немаат реално потреба за тоа. Мене ми се виде интересна неговата идеја, неговата посветеност и позитивна енергија ми беа фасцинантни и решив да му се придружам. Но, слабо ни одеше, по с$ изгледа бизнис идејата не решаваше толкав проблем колку што ние мислевме. А, во меѓувреме, добивавме барање од невенчани или љубовни двојки да ставиме опција и за изнајмување соби специјално за ваков тип клиенти. Но, ние не им обрнувавме толку внимание, особено Санчит, кој што како роден Индиец, традиционално воспитуван, не можеше да прифати толку ‘авангардна’ идеја.“, вели Блаже Аризанов.

Во моментот кога биле тотално исцрпени, и финансиски и физички, за среќа добиле и инвестиција од 30.000 евра од страна на Аџај Накви, исто така Индиец, со богата меѓународна кариера во познати брендови како Cоca – Cola, Airbnb, итн., во тоа време стациониран во Романија. Тоа малку го подбутнало бизнисот нагоре, можеле да инвестираат малку повеќе во маркетинг и сл.,   но сепак ефектите никако не станувале повидливи. И кога веќе и парите од бизнис ангелот се потрошиле, Блаже повторно запнал да пробаат со поинаков концепт, да го почнат тоа со собите за двојки.

“По бурни расправии, натегања, и со Санџит и со Аџај, некаде во почетокот на минатата година почнавме со нов концепт, нов вебсајт, но со истото име. И повторно не одеше како што треба, с$ до моментот кога влијателниот магазин Quartz ја објави сторијата за нас. Оттогаш, сè е како сон за нас. Сега имаме постојан пораст на побарувачката, хотели сами н$ бараат, добиваме покани за настап на разни конференции за стартапи и сл., но и многу предизвици се пред нас, затоа што добиваме и конкуренција, сега и други видоа дека има потенцијал за овој пазар.“


Како Блаже стана претприемач во Њу Делхи

StayUncle4 WEB 959

Денес StayUncle (Санчит и Блаже се трет и четврт од лево) има десетина членови на тимот, а бизнисот секојдневно расте

Блаже Аризанов е неверојатно интересен лик. Со вечната насмевка и позитивната енергија што ја зрачи, не може да ве остави рамнодушни. Лани ова време, по подолго време беше вратен од Индија да се види со блиските, а одвои неколку часа за Капитал, да ни ја раскаже својата приказна.
што во скратена верзија оди вака отприлика: Роден во земјоделско семејство во струмичко Борисово, по завршување на Економскиот факултет во Прилеп, некаде 2010 година, откако не успеал да се пронајде во типично корпоративната организација на една банка во Македонија каде што имал шанса да се вработи, отишол во Италија да поработи и да учам јазик неколку месеци. Таму добил покана за пракса во индиска компанија, преку AIESEC. Таму поминал една година во ИТ компанија на пракса, искуство што го опишува како катастрофално.
“Ниедно мое очекување не се исполни. Ниту квалитетна пракса добив, ниту менторство, ниту имав пари за да живеам некаков нормален живот, ништо. Потоа најдов работа со целосно работно време и плата во друга ИТ компанија, каде што предводев тим за дигитален маркетинг. По извесно време сфатив дека тоа што јас сакам да го направам во смисла на бизнис, можам само преку сопствен стартап, и така решив да ја напуштам работата. Неколку месеци не работев ништо, шетав малку, трошев од тоа што имав заштедено, проучував источна филозофија, хиндуизам и будизам, бев на Тибет. Нивната филозофија ми отвори сосема нови погледи на животот, чувствував дека моето доаѓање во Индија мора да има некаква цел, дека јас едноставно не смеам да се вратам назад во Македонија без да направам нешто, а ни самиот с$ уште не бев свесен што ќе биде тоа. Тогаш, есента, 2015-та, го сретнав Санџит на една конференција за стартапи, тој ми ја презентираше идејата за StayUncle, енергиите некако ни се поклопија и тргнавме заедно на патешествието. И еве, јас сè уште сум во Индија, StayUncle стана тоа што стана, а Господ знае што ќе се случува понатаму, хаха “.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×