Стечај за рудниците Злетово и Тораница!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Судот во Штип одлучи да се прогласи стечај за рудниците  „Злетово“ од Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка, врз основа  на претходно барање на доверителите. Предлогот за отворање стечајна постапка против „Индоминерали и метали“ го поднесе друштвото за трговија „Автотехна“ ДОО Скопје, а подоцна се приклучија и уште три други доверители на кои рудниците им должат.

Дополнително министерството за економија вчера најави дека еднострано го раскинува договорот за концесија.

„Сега прво работниците ќе добијат решенија за стечајни работници и ќе бидат префрлени во агенцијата за вработување со што ќе им се овозможи да користат зрдравствена заштита и ќе им се исплаќа соодветен надоместок. Најевено е дека има заинтересираност да се откупи побарувањето на работниците, со што ќе се отвори и процесот на исплата на нивните побарувања“  најавија од министерството.

Индиската компанија „Индоминерали“ која е сопственик на рудниците должи огромна сума на пари за концесија, неплатена електрична енергија, за транспорт на суровините, за неплатени придонеси и бенефициран стаж на работниците и најмалку три плати.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×