Стејт департмент: Ги поздравуваме оставките на министрите и функционери и ја повикуваме опозицијата да се врати во Собрание
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Охрабрени сме од чекорот на Владата да ги смени клучните министри и функционери кои беа имплицирани во обвинувањата за нерегуларности, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џеф Ратке, на прашање за состојбата во Македонија. Тој потсети дека САД и европските држави упатиле повици до двете политички страни во Македонија, односно дека и опозицијата била повикана да се врати во Собранието:

„Одблиску ги следиме настаните во Македонија и заедно со нашите европски партнери сме во тесни консултации со македонската Влада и со политичките лидери, да ја пренесеме нашата загриженост за актуелната политичка криза. Ги повикуваме двете страни да го почитуваат правото на мирно собирање и протестирање, при што ќе се воздржат од насилство. Ги повикавме властите да направат чекор кон одговарање на обвинувањата за нерегуларности кои излегуваат од неодамна објавените материјали. Исто така, ја повикавме опозициската партија да се врати во Собранието, каде ќе учествува во зајакнување на собранискиот надзор врз владините институции, вклучително и во анкетна комисија за објавените материјали. Охрабрени сме од минатонеделниот чекор на Владата да смени клучни министри и функционери кои беа имплицирани. Сметаме дека тоа е позитивен чекор, но веруваме дека македонските лидери мора да работат заедно и да отпочнат дијалог за прашањата кои ја спротивставија земјата, меѓу другото и за неопходните реформи и за актуелната политичка криза“, изјави Ратке.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×