Стејт департмент: Северна Македонија бележи прогрес во медиумите и судството, корупцијата се уште на високо ниво
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

“Во Република Северна Македонија има напредок во медиумите и судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како корупцијата”, се наведува во најновиот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент.
Владата на Северна Македонија во 2018 година презела активности да истражи, обвини и казни полициски официјални лица кои направиле злоупотреби додека властите во земјата имале ефективна контрола врз безбедносните служби, но сепак постои високо ниво на корупција, се вели вo Извештајот.
State Department 1

Понатаму стои дека „Владата или нејзините агенти не извршиле произволни или незаконски убиства“.
“Државните затвори и притвори не успеале да ги имплементираат меѓународните стандарди и во некои случаи, согласно извештајот за превенција од тортура на Советот на Европа од октомври 2017 година, условите би можеле да се опишат како сурови, нехуамни и деградирачки”, се вели во извештајот.

Се додава дека затворите и натаму се соочуваат со недостиг на финансии, нессодветна обука на полициски офицери и корупција.
Извештајот укажува дека Народниот правобранител открил оти истрагите на властите во врска со обвинувањата за малтретирање и злоупотреба на затворениците генерално биле неефикасни.
“Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години. Во повеќето случаи, на барање и на Јавното и на Специјалното обвинителство, судот одредил превентивни мерки наместо притвор за осомничените”, стои во годишниот извештај.

Се наведува дега во 2018 година властите покажале поголема почит кон независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години.
“Ограничената независност на судството, политизацијата на судскиот надзорен орган и недоволните финансии се понатамошна пречка за работата и ефикасноста на судовите”, оценува Стејт департментот.
Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење.
Во врска со случувањата во Парламентот од април 2017 година и судската разврска на случајот се вели дека 33 лица биле обвинети за „тероризам и загрозување на уставниот поредок“. Понатаму стои дека „опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека обвиненијата против 33 лица, вклучувајќи и членови на Парламентот, биле политички мотивирани и преувеличени. Нема доказ дека Владата одбила пристап до овие затвореници на хуманитарните организации и од групите за човекови права“.
Согласно извештајот, Владата направила прогрес во почитување на слободата на медиумите и слободата на изразување, иако проблемите како слаба медиумска независност, насилство и заплашување на новинари остануваат.
“Има некои извештаи дека Владата ги принудила новинарите на автоцензура. Европската комисија, во извештај од 17 април, забележува дека нема напредок во заштитата на работните услови на новинарите, како резултат на што тие се уште практикуваат автоцензура”, велат од Стејт департментот во најновиот извештај.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×